Кога љубовта не е бајка

koga-ljubovta-ne-e-bajka-povekjeЧестопати  веруваме дека реченицата “да живеете среќно до крајот на животот” е нешто што не постои само во бајките. За жал, некои парови, дури после...

 

...влегувањето во брак дознаваат што всушност значи љубовта.

Свесни сте дека љубовниот живот во реалноста нема врска со она во романтичните комедии, иако некаде внатре во вас постои желба за таква љубов, каква што и се случи на Пепелашка.

Во реалноста љубовната приказна за жал може да се претвори во хорор, и да бидеме реални – но бракот за многумина испаѓа таков, каков што не ни замислувале.

Паровите се склони да веруваат дека некако ќе издржат заедно, но тоа понекогаш и не е лесно, ниту едноставно.

Еве неколку факти кои можеби никој на ви ги кажал за бракот, а кои ќе ви помогнат да не се изненадите непријатно.

1. Многу е веројатно дека во еден момент ќе ја погледнете личноста со која сте во брак, и ќе се запрашате “Дали тоа е тоа, до крајот на животот?”

koga-ljubovta-ne-e-bajka

Еднаш, кога ќе запловите во брачните води со мисла дека сте ја пронашле сродната душа, ќе бидете среќни и исполнети, меѓутоа со тек на време ќе сфатите дека таа личност не ве прави среќни баш секој ден и ќе сметате дека сте избрзале и дека тоа не е она на што сте се согласиле.

Факт е дека тоа е токму она на што сте се согласиле на самиот почеток, сетете се на она што е изговорено – во добро и во зло.

2. Ќе работите повеќе отколку што се можеле и замислиле

Кога некои парови велат дека на врската и бракот треба да се работи, токму на тоа и мислеле. Не е доволно само трпение и љубов.

Луѓето се менуваат, опуштаат, сфатете дека партнерот или партнерката имаат некои грозни навики кои ви идат на нерви, но немојте да бидете престроги кон себе или партнерот, затоа што ќе има денови кога навистина ќе се чувствувате како да се борите против ветерница.

3. Понекогаш ќе одите во кревет лути, и лути ќе се будите

Кој и да им кажал на нововенчаните парови дека во кревет никогаш не одат лути, не знае како е кога ќе се дојде до караница, кога ќе се дојде до солзи и кога ќе ви се чини дека се пропаѓа. Понекогаш сето тоа едноставно треба да се преспие.

Пребрзаноста и зборовите искажани во афект можат само да ја отежнат ситуацијата. Добро е некогаш караницата да се продолжи следниот ден, откако ќе се смирите и уште еднаш размислите за се.

4. Ќе има многу денови без секс и тоа не е ништо необично

Периодите без секс се составен дел од брачниот живот. Таквите недостатоци не значат дека повеќе не се привлекувате еден со друг. Во денешно време луѓето работат повеќе, пренатрупани се со обврски и полни со грижи.

Она што не треба да недостасува, ако веќе нема секс е нежноста, бакнувањето, прегратките, комуникацијата...а сексот сам ќе дојде на дневен ред.

5. Ќе сфатите дека можете да се менувате само себе си

Многу луѓе сакаат да ја менуваат личноста со која се во врска или брак. Заборавете на тоа и сетете се на мудрата изрека: “Вчера бев паметен. Затоа сакав да го менува светот. Денес сум мудар. Затоа се менувам себе си”.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg