Зрела сексуална врска

zrela-seksualna-vrska-povekjeВистинската љубов е откривање на слободата на другата личност, а сексот е природен начин на нејзино изразување. Тоа е возможно само ако...

 

...и двајцата партнери се емотивно зрели личности, кои се сигурни во себе и немаат никакви комплекси на пониска вредност.

Во современиот свет луѓето имаат право на избор на љубовниот и брачен партнер, а разводот станува сосема нормална појава, за разлика од времето кога единствено било важно да се венчате и да останете во брак по секоја цена.

Денес има многу луѓе кои сакаат да ја најдат вистинската љубов, но не се сигурно дали таа навистина постои. Дали некогаш или можеби повеќе пати сте се запрашале, што е тоа што ја прави врската нормална и зрела?

Според современите психоаналитички сфаќања за постојана зрела сексуална врска неопходно е:

  • сексуално возбудување трансформирано во еротска желба за партнерот/ката
  • идентификација и длабока емпатија со партнерот и неговиот полов идентитет
  • зрела форма на идеализација со длабока поврзаност со партнерот/ката
  • страствен карактер на љубовниот однос

Амбивалентни или спротивни чувства (те сакам-те мразам) за прв пат се јавуваат во раниот стадиум на детството.

Кај возрасна личност која чувствува зрела љубов, овие чувства zrela-seksualna-vrskaтреба да се сплотат и преточат во постојана љубов, нежност и грижа за партнерот/ката.

Нормално е во секоја врска да постојат и позитивни и негативни емоции кон партнерот/ката, но во зрела врска овие чувсвта треба да се интегрираат така што ќе преовладува љубовта, но истовремено секој од партнерите ќе може слободно да се искаже сите свои чувства.

За разлика од симбиотскиот однос, во зрелиот сексуален однос доаѓа до спојување на партнерите во стабилна врска така што секој од нив ќе биде независна и самосвесна индивидуа.

Зрелата љубов во суштина е откривање на слободата на партнерот/ката. Сексот е природен начин за изразување на вистинската и зрела љубов.

Сето ова е возможно само ако двајцата партнери се емотивно зрели личности, во спротивно постои симбиотска врска во која двајцата партнери не можат да функционираат ако се одвоени.

Ако спротивните позитивни и негативни чувста не се доволно интегрирани, посебно кај лабилните личности доаѓа до несакани конфликти во врската. До вакви конфликти доаѓа кога сопствените недостатоци се проектираат на партнерот/ката за да се заштити идеализираната слика за себе. Најдобар пример за тоа е љубомората.

За да можеме да сакаме некоја друга личност, неопходно е прво да се прифатиме и сакаме себе си. Затоа ако сте незадоволни од врската, менувајте се себе, а не партнерот/ката.

Потребата за доминација во љубовната врска е многу честа кај незрелите личности и они кои се полни со комплекси. За жал ваквите садо-мазохистички врски се и најчести.

Затоа е многу важно да се разграничи што е проблем во врската за кој може да се разговара, а што е патологија на личноста за која треба стручна помош.

За зрела љубов не е неопходна заљубеност, зошто заљубеноста е само преокупација на идеалниот партнер кој во реалноста не постои.

После голема заљубеност и идеализација, најчесто доаѓа до големо разочарување кога ќе се запознае вистинската личност, а многу ретко заљубеноста преминува во квалитетна љубов.

Психолошки зрелата личност не идеализира и не се заљубува, таа постепено гради стабилна врска полна со емоции, емпатија, компромис, разбирање и прифаќање на другата личност онаква каква што е.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg