Состанок со он-лајн партнер
Мислите дека најдовте сродна душа или барем пристоен партнер за излегување на вечера? Загреани сте еден за друг, се допишувате подолго време...
...по пат на e-mail или msn, и сега конечно дојде времето да се сретнете лице во лице. Постојат неколку работи кои притоа морате да ги земете предвид, а за кои пишува експертот Trish McDermott.
Правило број 1: Не ја познавате таа личност
Зборувате преку msn со часови и разменувате по стотина пораки, но тоа не значи дека се познавате. Прво не знаете како изгледа, звучи и како се однесува лице во лице.
Можеби на таа личност му/и е тешко да се изразува кога ве гледа во очи или произлезе дека нешто од она што го зборувал/а не е вистина.
Се' на се', можно е жарот кој сте го имале со таа личност после запознавањето да згасне. Затоа полека, и водете се од вашите чувства.
Доколку прерано ви го побара телефонскиот број, бидете пријатни, но дадете му до знаење дека сакате да помине определен период.
Момчињата имаат поинакво гледање на “online дружењето” од понежниот пол – тврди Trish McDermott, стручњак во оваа област.
Затоа, како што советува, објаснете им дека не е до нив, туку едноставно сметате дека треба нештата да се остават да одат со побавно темпо.
Правило број 2: Прво телефонски разговор, потоа состанок
Дури и да ви се запали црвеното светло, не трчајте веднаш од e-mail на пијалок. Зборувајте телефонски барем еднаш или два пати, дури и неколку пати.
Разговорите нека ви претставуваат начин подобро да се запознаете и да процените дали се исплати да го направите следниот чекор. Третирајте ги како да сте на вистински состанок и поставувајте прашања кои ве интересираат.
Правило број 3: Играјте на сигурно на првиот состанок
Првиот состанок секогаш нека биде на јавно место, каде има полно луѓе и во разумно време од денот, на пример доцна попладне.
Отидете во ресторан или кафе бар кој ви е познат, но не предоцна. Никогаш не се запознавајте во својот дом или работно место, советува Trish.
Избегнувајте возење со велосипед или автомобил на првиот состанок. Доколку се одлучите да отидете на некое место, секогаш одете со својот автомобил. Состанокот нека се заврши на место каде има луѓе.
Можеби сето ова ви звучи помалку параноично, но во прашање е само здравиот разум. Доколку патувате во друг град за да се запознаете, сами резервирајте си соба.
Не го откривајте името на хотелот и не дозволувајте таа личност да ви резервира соба. Сретнете се на локација која претходно сте ја определиле. Ако сфатите дека местото не ви се допаѓа бидејќи не е безбедно, веднаш вратете се во хотелот.
Правило број 4: Ослободете се од притисокот
Долго и детално планирање на ваков состанок може да биде вистински рецепт за неуспех. Затоа не планирајте цел ден, туку само една или две работи кои би можеле да ги правите заедно. Нека траат час до два. Доколку се тргне како што треба, лесно е да се најде следна занимација.
Препорака е на првиот состанок да не се отвараат некои тешки теми и проблеми, и секогаш имајте на ум дека многу луѓе полесно се изразуваат преку e-mail отколку во живо.
Затоа, можеби ќе ви треба малку повеќе труд. Доколку разговорот тргне во погрешна насока и ви стане незгодно, сфатете го тоа како знак за тревога.
Правило број 5: Оставете добар впечаток
Иако сите најстојуваат да бидат внимателни, истовремено настојуваат и да остават добар впечаток. Можеби баш таа личност може да биде “Mr/Mrs Right”.
Најдобро е да се биде смирен и самоуверен и да се проба да се ужива во таа “нервозна енергија”. Кога луѓето добро си поминуваат, изгледаат многу попривлечно.
Меѓу карактеристиките кои посебно се ценат се хуморот, фантазијата, самодовербата, успешноста, добриот изглед, индивидуалноста, топлината, говорот на телото, елоквентноста, креативноста и пријатноста