Знаци дека ќе добиете секс
Во текот на едно вечерно излегување сте запознале привлечна девојка со која сте успеале да остварите поприлично интимна комуникација.
Како да знаете дали таа е заинтресирана за секс за една ноќ?
Не постојат знаци кои тоа ќе ви го откријат со стопроцентна сигурност, но сепак постојат некои предзнаци кои ќе ве упатат.
Познавањето на вербалните и невербалните знаци кои најавуваат врела ноќ би можеле да ви помогнат во комуникацијата и однесувањето со цел другата страна не ве сфати погрешно.
Сепак морате да бидете внимателни. Некои знаци може да ви покажат дека и се допаѓате, но тоа не значи дека таа сака да ја помине ноќта со вас. Па еве кои знаци можат да ви најават дека можете многу брзо да завршите во нејзината постела.
1. Ве чести пијалок
Кога таа ќе се понуди да ве чести пијалок, тоа е многу сигурен знак дека таа е самоуверена и подготвена да го земе она што го сака. Ова исто така е покана да и се придружите на пијалок, а можеби за некој час и во нејзиниот кревет
2. Ве допира
Говорот на телото најдобро открива дали некоја жена е заинтресирана за вас. Ако таа често ве допира по раката или ногата додека разговарате, многу е веројатно дека многу брзо таа ќе посака да допира и други делови од вашето тело. Но, внимавајте да не ги замените овие конкретни допири со оние лесно допири по подлактицата кои некои жени ги практикуваат, а немаат никакво посебно значење.
3. Ви дели комплименти
Жените не се единствените кои уживаат во комплиментите. Убавите зборови му годат и на машкото его, а некои жени многу добро го знаат тоа. Ако таа почне да зборува за тоа колку добро изгледате или колку убаво мирисате, тоа можете да го сфатите како сигурен знак дека набрзо ќе има акција меѓу вас двајца.
4. Долго ве гледа во очи
Немојте овој поглед да го замените со краткиот поглед кој само дава до знаење дека и се допаѓате. Ако таа долго и продорно ве гледа во очи во текот на целиот разговор, тогаш сака да ви покаже дека и се допаѓа тоа што го гледа и нема да и пречи доколку продолжи и понатаму да го истражува вашето тело.
5. Ви дозволува да ја допирате
Ако таа ве допира, сфатете го тоа како покана и вие да ја допирате неа. Кога ќе ја допрете а таа нема да се повлече, тоа е сигурен знак дека тоа и се допаѓа и не е срамежлива. Ова е добар знак кој може да најави секс за една ноќ.
6. Се наклонува кон вас
Кога на жените некој не им се допаѓа, тие настојуваат да остават доволно простор помеѓу двете тела. Но, ако некој и се допаѓа на жената таа се наклонува и приближува кон него. Ова е јасен знак дека таа не се плаши од блискост со него, а многу веројатно нема да и пречи ни допир на вашите тела.
7. Споделува приватни информации со вас
Жените не се отвараат секому. Таа мора да се чувствува сигурно и пријатно за да сподели приватни информации со некого. Ако забележите дека таа со вас разговара за себе и своите чувства, сфатете го тоа како знак дека таа ќе биде отворена и за делење на други информации со вас.
8. Предизвикувачки разговара со вас
Не постои знак кој е појасен од овој. Ако таа започне сексуални разговори со вас, ви кажува што и како таа сака и ве прашува што вие сакате или зборува за минати искуства, можете да бидете сигурни дека таа флертува со вас и се обидува да ве одведе во кревет.