Секојдневно интересен секс

sekojdnevno-interesen-seks-povekjeКога сте во врска, вие и партнерот сте оние кои треба да водат грижа за сексуалниот живот да не стане здодевен. Ви даваме неколку предлози...

 

...за секојдневна секси забава:

Понеделник - Игра “Направи го истото што и јас”

Надгледувајте како во верзија на детска игра која ја играат возрасните - вие направете му нешто нему, а со самото тоа и тој нека ви го направи на истото вам, и обратно.

Започнете полека со масажа која трае 30 секунди, соблекувајќи парче од вашата облека и екстра страствени бакнежи, а со самото тоа предизвикајте го! Резултат? Ќе ве допира баш онака како посакувате, а ништо нема да морате да спомнете.

Вторник - Потрудете се да го избегнете сексот

Под тоа се подразбира дека не треба веднаш да преминете на главната работа. Ова потекнува од учењата на старите источни мудреци, творците Кама Сутра.

Задржете некое парче гардероба на себе и испробајте колку далеку можете да издржите додека не дојдете до точката на која ќе преминете на секс.

Ако не успеете да издржите долго во кревет во “акција” преместете се во окружување слично на задното седиште од такси или пак замислувајте дека сте Анџелина и Бред кои се трудат да не одат до крај во една сцена од филмот “Господин и госпоѓа Смит” .

Среда - Затворени очиsekojdnevno-interesen-seks

Преврзувањето со превез на очи можеби звучи драматично, но е доста забавно и ослободувачки. Кога ќе има превез на очите конечно ќе добиете прилика да ја испробате позата во која мислите дека изгледате смешно.

Од друга страна кога вие ќе носите превез, можете да се препуштите на фантазијата додека тој испробува нови секси експерименти со вас. Добра работа со оваа игра е тоа што нема да ве доведе до ситуација на засрамување.

Четврток - Појдете со партнерот во секси шопинг

Наговорете го партнерот да ви поклони нов секси долен веш. Пробајте го пред него уште во соблекувалната во продавницата. Отидете и чекор подалеку – посетете секс шоп.

Ако вас ви е прв пат ќе ви биде уште повозбудливо. Набавете мек силиконски вибратор во форма на буквата “U“ кој истовремено ги стимулира и клиторисот и Г-точката.

Не е потребно подтурнување туку само фино, споро притискање на вибраторот. Совет за секси предигра - дозволете партнерот да ја направи задачата со подтурнувањето. Ако не сте спремни за вакви иновации, одлучете се за еротска литература или жежок филм по ваш избор.

Петок - Музика за секс

Сме преслушале многу песни додека не сме ги пронашле вистинските кои совршено се вклопуваат со нашето секси расположение.

Овие четири албуми ќе направат вашиот секс да биде позачинет - Massive Attack, ”Mezzanine”; кога посакувате да бидете безобразни - Kanye West, ”Late Registration”, за брз и интензивен секс - Muse,”Apsolution”, кога посакувате добар и традиционален секс за сите фази од почеток до крај пуштете го било кој албум од Rolling Stone.

Сабота - Понесете апарат со себе

Ако вашиот партнер е типичен претставник на својот пол сигурно има посакано да ве слика уште од првиот пат кога ве видел во такво издание. Но, дали некогаш сте пробале да ги остварите заедно неговите фантазии?

Замислете дека вашиот стар апарат ви е секси играчка со која малку ќе се служите вие па малку тој. Можете и да направите заеднички фотки..но како? Епа морате да бидете малку спремни за акробации...Заземете таква положба што едниот од вас да може да ја испружи раката со која ќе го држи апаратот.

Во занесот од страст само притиснете го и ете ви фотка за вашиот секси албум. Додека се одлучите да ги уништите, самото тоа дека сте се виделе со партнерот на слика каде што е вашиот занес е доволна награда.

Уште еден плус-лошиот квалитет на секси фотографијата и оневозможува јасно да се види несовршеноста на вашето тело. А поради застарената технологија на вашиот апарат, никако не може да ви се случи тие фотографии да завршат во компјутер или пак на интернет.

Недела - Што погласно тоа подобро

Стенкањето, издишувањето и сите други форми на искажување на задоволсто овозможуваат подобро поврзување на вашето тело и умот со што вашиот оргазам ќе заземе интензитет.

Би можело да ве интересира:

6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg