Уметничка душа - повеќе секс
Психолозите од Универзитетот во Newcastle докажале дека професионалните уметници и луѓето кои живеат од својата креативност имаат повеќе секс.
Во истражувањето биле вклучени вкупно 425 мажи и жени.
Уметниците имаат секс два пати почесто од просечните луѓе. Изгледа дека бројот на интимни партнери се зголемува размерно со зголемувањето на инспирацијата за творење.
Од друга страна, Др. Daniel Nettle напоменува дека станува збор за меч со две острици.
Уметниците можеби навистина имаат повеќе партнери и повеќе секс, но од друга страна се склони на депресии. Креативните луѓе осцилираат од една во друга крајност.
Тоа често ги доведува до самоуништувачко однесување, па дури и до самоубиство.
Творењето само по себе нема големо влијание на тоа дека уметниците имаат поголем број интимни партнери.
Научниците даваат повеќе можни одговори на прашањето зошто креативните луѓе имаат повеќе интимни односи.
За добар секс не е доволна само привлечноста и опремата. Креативноста е значаен фактор кој допринесува да сте позанимливи и повозбудливи партнери. Уметниците често се сметаат за привлечни, дури и ако не се убави.
Можеби причината се крие во тоа што станува збор за посакувани партнери, кои со својата природа знаат да освојуваат и да бидат освојувани.
Освен тоа, за уметниците е карактеристична и прилично отворената и слободоумна личност, што значи дека не си поставуваат ограничувања туку почесто им се препуштаат на импулсите отколку другите луѓе.
Уметниците и партнерската верност ја сфаќаат на друг начин, различен од начинот на сфаќање кај просечните луѓе.