Па што ако сакам врска без обврска?

Можеби ќе ве притиснат предрасудите кога веќе еднаш сум посакала да имам старомодна врска, а сега врска без обврска.

pa-sto-ako-sakam-vrska-bez-obvrska-1

Мислењето на луѓето се менува, ставовите се преобразуваат во нови, се ажурираат во склоп со светот во кој што живееме. Сакав старомодна врска да, но сега сакам врска без обврска, иако сепак не е баш како што звучи.

Денес секоја девојка е подложна на љубоморни испади, феминистички коментари, предрасуди, забрани од партнерот, притисок за искажување на чувства, страв од секс и што уште не во една врска.

Сакам врска без обврска што ќе започне лежерно и повторно како старомодната на природно место без посредникот господин Интернет, но не сакам да се развива на природен начин.

Сакам да сум во врска, но да бидам слободна.

Тоа подразбира дека не сакам да сум подложна на љубоморни испади, не дај Боже на физичко малтретирање, сакам да се дружам со личности од спротивниот пол без тоа да му пречи на мојот партнер, да имам секс со него кога јас ќе одлучам, а не да го оставам на „чекање" една година само за да им се пофалам на пријателките дека сум го оставила без секс и останал со мене.

Тоа што се чека, повеќе се цени да, но не во случај во кој е вмешан сексот, не дека сум за опцијата секс при првото запознавање, но зошто да си ја гасам желбата после еден месец или два, добар период поминат со новиот партнер?

Сакам врска без обврска во која ќе биде застапено отвореното размислување кое вклучува искреност.

Што ако ти кажам дека те сакам, а не го чувствувам тоа? Подобро би било да ти кажам дека те сакам, а не е така или обратно?

pa-sto-ako-sakam-vrska-bez-obvrska-2

Ете тоа е таа врска без обврска, да не си обврзан веднаш да засакаш некого бидејќи, сепак заљубување постои, но понекогаш е потребен период истото да прерасне во љубов.

Сакам врска без обврска во која никој нема да ме прашува детали за минатото поврзано со љубовта кои треба да останат само во моето сеќавање.

Зошто некој би сакал да дознае сочен детаљ од сексот со бившиот, зарем не би се чувствувал глупаво?

Затоа момци, престанете со инспекторската функција во врската барајќи докази кои ќе ве натераат да ја оддалечите девојката од вас, секако доколку ви е важна, во спротивно тоа би било совршено злосторство бидејќи девојките го мразат тоа испитување верувајте.

Сакам врска без обврска во која ќе можам да здивнам во свое друштво, а партнерот сепак да не се чувствува запоставено, не е задолжително секој ден да сме заедно, нели?

Затоа момци не ги притискајте девојките да бидат свртени само кон вас и вие да бидете нивниот центар на светот, бидејќи верувајте, сè ќе се врти околу вас, а нив ќе им се заврти во главата од таа ваша заштитничка функција.

Девојката штом те одбрала за врска без обврска значи дека сака истата наскоро да премине во врска со љубовна обврска која би прераснала во нешто многу повеќе, но внимавај таа сè уште си ја сака својата слобода.

Ете затоа сега сакам врска без обврска, бидејќи сфатив дека си ја сакам слободата на животот, а доколку некој би се согласил да не ја загрозува со љубов, би можел да стане моја љубовна обврска која со задоволство би ја извршувала постојано!

Д. М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg