Доведете го во ред
Ако мислите дека квалитетот на врската зависи само од вас, а не и од партнерот, сте погрешиле.
Повеќето психолози тврдат - штом еден од...
...партнерите ќе го промени однесувањето, тоа ќе се одрази и на другиот. Обвинување и барање виновник не е потребно.
На пример, ако вашето момче е молчеливо, убедувањето на разговор, само ќе го наведе повеќе да се повлече во себе. Психолозите советуваат драстични промени во однесувањето. Ако сте зборливи, станете помалку достапни.
Не обидувајте се да започнете или продолжите со разговорот, а одговарајте со кратки реченици. Ова ќе го намали притисокот со молчеливиот партнер кој ќе почне да се отвара. Или позитивно протолкувајте ја тишината.
На пример: "Ние сме толку блиску, што секогаш и не треба да разговараме." Ова, молчеливиот партнер ќе го исфрли надвор од рамнотежа, особено ако со муртење се обидува да ја наметне својата волја.
Вечен критичар
Партнер кој постојано критикуваат сè што правите, ќе го разоружате ако престанете да се правдате и да објаснувате за своите постапки. Сложете се со зборовите, но не и со делата: признајте дека е во право и продолжете да работите по свое. Или критиката протолкувајте како повик да престанете да го правите она кое го „грешите„. На пример: “Имаш право, лошо готвам„. Ќе те оставам почесто да јадеш купена храна“.
Виновен е целиот свет
Тешко е да се справите со партнер кој постојано ќе ве обвинува за лажење. Психолозите велат дека треба да се престане со оправдување и разјаснување - тешко е да се карате доколку не постои реакција.
Можете исто така со прашање да ја истакнете несигурноста на обвинувањата: "Се плашиш дека те изневерувам?" Или "Дали мислиш дека повеќе не те сакам?".
Песимист
Тешко е ако почесто еден од партнерите песимистички и негативно расположен, а другиот безуспешно се обидува да го развесели. Психолозите укажуваат на спротивна стратегија: согласете се со неговиот став, ќе го поттикнете уште повеќе да се жали и тогаш искрено изразете ги своите негативни ставови за спорната тема. Така песимистите ќе можат да се одморат сами од себе
Тој не сака секс
Ако партнерот не е заинтересиран за секс, престаните да го разубедувате и почесто истражувајте ја нежноста на друг начини. Поминувајте повеќе време заедно во други пријатни активности - тоа ќе ја зголеми интимноста. Станете помалку достапни за секс - партнерот тогаш може да стане тој кој ќе ги раздвижи работите.