Може ли бракот да успее без секс?
Многу парови не кријат дека желбата за секс ја убиваат стресот, грижите и обврските. И додека времето секојдневно си минува, постојат партнери кои по извесен период стануваат странци во кревет. А, тогаш следат оправдувањата...
„Нормално е дека кога ќе дојдат децата нема да има секс“, „Нормално е страста да се изгуби со годините“, „Кога нема секс во бракот, нормално е да го имаме на страна“ се само дел од изговорите кои ќе ги слушнете.
Иако почесто е мислењето дека жените се помалку погодени од недостатокот на секс, праксата покажува дека е тешко да се измери кој повеќе пати.
Ниту еден пол не е отпорен на последиците од недостатокот на секс, па и двата пола подеднакво ја губат самодовербата, што понатаму води до фрустрации.
Психолозите веруваат дека апстиненцијата од 30 дена до 3 месеци е нормална, но сепак е појава за која треба да се разговара. Некогаш е потребно да се вложи труд за да се разбере проблемот, па ако сте западнале во овој сексуален проблем подолго од 30 дена, задолжително побарајте помош.
Ени и Даглас Браун се средовечни партнери кои се во брак 14 години, а со месеци немале сексуално искуство, туку нивниот однос се темелел врз љубовта кон децата, почитувањето и пријателството.
Сепак, решиле да пробаат експеримент во кој 3 месеци секојдневно ќе водат љубов. Трудот се исплател, а Ени и Даглас истата терапија им ја предложиле на сите брачни парови споделувајќи го своето искуство во книгата „Само напред: Како еден пар го исклучи телевизорот и го вклучи сексуалниот живот за 101 ден“.
Масажата, запалените свеќи и провокативната долна облека нема со сигурност да го решат проблемот, па затоа подеднакво важно е партнерот да не го земате здраво за готово и да не го одложувате решавањето на проблемите.
Освен недостатокот на страст во кој сите запаѓаат по одреден период, постојат многу поспецифични причини за апстиненцијата. Прва на листата е чувството дека едниот партнер постојано се чувствува неразбрано и непочитувано.
Како повторно да ја разбудите страста?
- Добриот секс започнете го надвор од спалната соба. Загрејте ја ситуацијата со пораки, подгответе вечера, гледајте еротски филм...
- Експериментирајте. Предложете или согласете се на новите секс пози.
- Одржувајте контакт со очите. Така ќе ја одржите интимноста на високо ниво.
- Преземете контрола. Иницирајте секс и водете ја играта, со што на партнерот ќе му ставите до знаење дека и понатаму е посакуван.