„Побрзо, повеќе, посилно!“ 9 причини за уште погласен секс

На некои им се допаѓа гласното „валкано“ зборување во креветот, на некои не, но според сите сексуални терапевти, тоа не само што е потребно, туку и корисно.

pobrzo-poveke-posilno-toa-9-pricini-za-uste-poglasen-seks-01

Гласното зборување за време на сексот ослободува, зближува и ја поттикнува страст. Од него има и емотивни, но и здравствени придобивки.

Ова се уште 9 причини зошто да бидете погласни:

1. Соседите ќе го знаат вашето име

На повеќето луѓе кои се гласни во креветот, омилени зборови им се името на партнерот или наредбите како „посилно“, „побрзо“, „тоа“ или „валканото“ зборување за она што им се допаѓа. Ако сте малку повеќе гласни соседите веројатно ќе знаат точно што ве возбудува и за колку време го достигнувате врвот.


2. Помага во комуникацијата

Луѓето кои се гласни во креветот најчесто имаат проблем со сексуалната самодоверба, освен ако тоа не го прават под притисок на партнерот. Сепак, ако сакате да ги поместите границите, таквиот вид на изразување чувства помага во надминувањето на бариерите за време на сексуалниот чин. Наместо да разговарате што ви се допаѓа, а што не, со гласните реакции ќе дадете до знаење.


3. Ослободува

Луѓето кои се воздржуваат од зборови во креветот и максимум испуштаат по некоја воздишка, можат многу исклучително да уживаат во сексот. Но, отворениот говор може да им создава непријатно чувство. Сепак, сексуалните терапевти објаснуваат дека толку интимни партнери не би требало да чувствуваат срам од ништо.


4. Полесно се дише

Разговорот, стенкањето, па и врискањето за време на сексот може да го олесни вашето дишење. За време на сексот пулсот се забрзува, а говорот го опушта телото.

pobrzo-poveke-posilno-toa-9-pricini-za-uste-poglasen-seks-2.jpg

5. Го поттикнува оргазмот кај партнерот

Јасни знаци на сексуалната возбуда преточени во зборови се знак за партнерот дека уживате, а студиите покажуваат дека возбудувањето на партнерот доведува и до побрз оргазам кај другиот.


6. Тешко дека некој „случајно“ ќе ви влезе во соба

Ако сте доволно гласни, не постои голема веројатност дека некој ќе ви влезе „случајно“ затоа што не знаел дали сте слободни или зафатени во моментот.


7. Помага во остварувањето на фантазиите

За некои луѓе, „валканото“ зборување служи како одреден вид егзибиционизам и за некои претставува една од скриените фантазии за гласно „валкано“ зборување кое уште повеќе ја зголемува возбудата.


8. Се чувствувате како ѕвезда во порно филм

Сигурно сте забележале дека актерите во порно филмовите многу повеќе стенкаат и врискаат, отколку во реалниот живот, па ако си го дозволите тоа во креветот, може само да направите барем делумно да се чувствувате како да сте дел од таков филм.


9. Сигурен начин за подигнување на страста

Според студиите „валканото“ зборување во креветот предизвикува поголемо возбудување отколку долната секси облека. Според тоа, зборувајте „валкано“ и гласно и внесете максимум возбуда во креветот.

pobrzo-poveke-posilno-toa-9-pricini-za-uste-poglasen-seks-3.jpg

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg