Пред секс - многу алкохол

Жените често конзумираат алкохол пред да започнат со сексуалниот однос бидејќи тој им помага да се опуштат, истакнато е во истражувањето...

 

... објавено во Англија.

Во истото истражување е откриено дека повеќе од  6% од жените никогаш немале секс додека биле трезни. Истражувачите кои ја барале врската помеѓу сескуалните навики кај жената и конзумирањето на алкохол, дошле до заклучок  дека меѓу од 3000 испитаници, дури половина преферираат секс под влијание на алкохол. pred-seks-mnogu-alkohol1

Причината се бара во недостатокот на самодоверба кога водат љубов трезни, но со некоја чашка повеќе - жените се подготвени за авантура и се послободни во кревет.

Дури 75% од жените изјавиле дека пијат по некоја чашка вино пред да легнат во кревет со сопругот или дечкото. Студијата покажала дека просечна жена спие со 8 момци, од кои 5 се случиле под дејство на алкохол.

Што е уште по изненадувачки е фактот дека 9 од 10 жени, никогаш не би отишле на состанок без да испијат 2 чашки алкохол, а 73% од нив изјавиле дека алкохолот им нуди самоувереност која им е потребна за вечерта да заврши по план.

На крајот, дури 14% од анкетираните жени кои се во врска изјавиле дека не би можеле да имаат секс со партнерот доколку не испијат барем 1 чаша вино претходно.

Сите овие факти, искрено ги загрижиле истражувачите кои ги советувале жените да разговараат со партнерот за своите недостатоци и стравови, пред да го најдат решението во шишето пред сексуален однос.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg