Ти благодарам што ми раскина!
Понекогаш раскинувањето е добра работа, а доказ за тоа се бенефициите кои произлегуваат од крајот на една врска.
Доколку за вас раскинувањето значи крај на светот, време е да го промените своето размислување и да го гледате крајот на светот како нов почеток во вашиот свет кој носи многу поволности, а ова се само неколку од нив.
- Ќе имате повеќе време за себе.
- Ќе излегувате почесто со вашите пријатели на забави и ноќни журки до раните утриснки часови.
- Ќе му се посветите повеќе внимание на семејството и вашето милениче.
- Ќе јадете колку сакате и што сакате, бидејќи не мора да внимавате на линијата.
- Ќе се облекувате како што сакате, без страв дека партнерот ќе ви се налути поради прекраткото здолниште или омилената кошула која тој ја мразел.
- Батеријата на телефонот ќе ви трае подолго...
- Ќе може да флертувате со секој згоден дечко или девојка кој/а ќе ви се допадне.
- Конечно ќе се ослободите од секојдневната обврска да најдете време за партнерот иако можеби сте уморни или едноставно не сакате да излегувате.
- Ќе бидете среќни без вашата среќа да зависи од некој друг.
- Ќе се поштедите од утринските пораки и вечерните разговори кои ве разбудуваа прерано, а навечер не ве оставаа да си легнете пред полноќ.
- Нема повеќе љубоморни испади, ниту пак љубовни караници.
- Ќе бидете благодарни што ви раскинале или што вие сте ја прекинале врската бидејќи кога еднаш некој ќе замине од вашиот живот, сигурно не се работи за оној вистинскиот.
- Ќе може да патувате, сами!
- Ќе добиете шанса да започнете ново поглавје во својата љубовна книга.
Доколку и вие сте раскинале скоро со партнерот, не очајувајте, заблагодарете му се нему или себеси поради раскинувањето и уживајте во бенефициите на сингл статусот!