Колку е сексот лековит ?
Редовното водење на љубов го зајакнува вашиот имунитет, ја подобрува виталноста на органите и спречува депресија. Следуваат 7 причини, поради кои...
...пожелен е редовен сексуален живот.
1. Жените кои имаат секс барем еднаш неделно имаат правилни и редовни циклуси на менструации. Истражувањето покажало дека жените со редовен секс имаат поголема количина на нов естроген од оние кои имаат нередовен секс или воопшто го немаат.
2. Во текот на сексот се губат калории. Научниците проценуваат дека во текот на љубовната игра се губат најмалку 30 калории по минута.
3. Сексот ги зацврстува мускулите на карлицата кои се многу важни за правилна положба на телото, грбот и стомакот.
4. Сексот ги олеснува менструалните тегоби. Истражувањето кое било спроведено и во кое учествувале повеќе од 1.000 жени, покажало дека жените кои редовно уживаат во сексуалните односи немаат менструални болки.
5. Сексот го ублажува стресот. Луѓето кои се задоволни со својот сексуален живот не се депресивни, анкциозни и непријателски расположени.
6. Ја лечи главоблката. Жените кои страдаат од мигрена после сексот се чувствуваат подобро бидејќи болката исчезнува.
7. Ги чува срцето и крвните садови. Луѓето кои се задоволни со својот сексуален живот помалку боледуваат од карцином, автоимунолошки болести и инфекции, болки во грбот, хемороиди, покачен крвен притисок, астма, екцема, гојазност, несоница...