Како одбиваат секс македонските девојки?

kako-odbivaat-seks-makedonskite-devojki-1.jpg

8. Не ми се случува често, но знам да одбијам секс затоа што сум во прилично долга врска. Не сум од типот на девојка што ја „боли глава“ секој ден, па затоа му нудам искрено образложение зошто не ми е до секс. Понекогаш, кажувам дека попрво би изгледала филм, отколку да скокнам во кревет. (Маријана, 23, Охрид)


9.
Треба навистина да имам некој проблем и стварно да не можам да имам секс со него, затоа што многу ретко одбивам. Мојот став е дека сексот нема врска со љубовта, го сфаќам како потреба која понекогаш може да ја имаме во различно време. Нашиот договор е дека секој треба да ја задоволи својата потреба, па затоа би требало да имаме секс секојпат кога макар и само едниот е расположен за тоа. Јас му ја исполнувам и задоволувам сексуалната желба, но и тој мене. (Ане, 22, Струмица)


10.
Јас сакам отворено да разговарам на секоја тема и директно кажувам без разлика колку тоа му се допаѓа или не. Џабе да се објаснуваме од околу или да се труди да сфати индиректно. Треба да знае на што е и ако тоа се каже јасно, нема да има потреба од навалување, објаснување и раздолжување. Не сум од тие што викаат „Не“, само за дечкото да ги моли и на крајот попуштаат. Сакам отворени карти. (Сања, 20, Велес)


11.
Сум направила доста грешки кога се работи за сексот, бидејќи не сум знаела како да кажам „Не” иако не сум била доволно спремна. Но, сега е поразлично бидејќи искуството доаѓа со годините, што значи доколку не сакам секс би му кажала в лице директно на тој што е со мене, но без да го повредам со тоа што ќе му соопштам дека сè уште е рано. Доколку си замине, очигледно не се грижел многу за моите чувства, единствено за тоа што ми е во гаќичките, нели? (Тања, 29, Неготино)


12.
Не сакам! Кратко и јасно, петинг е дозволен, но подалеку од тоа не. Доколку биде упорен ќе му кажам уште два-три пати да престане, но ако не се откаже ќе си заминам, а може да му влепам и шамар. Ова е мојот став бидејќи многу мразам кога момците не се разбираат од збор и не можат да си ги контролираат сексуалните нагони. Доколку дозволам петинг, не значи дека сакам да влезе во мене уште при првите обиди. (Катерина, 26, Охрид)


13.
Нежно ќе му се обратам со зборовите - сè уште е рано, не сакам да избрзаме, бидејќи не сакам да си помисли дека проблемот е во него кога е во мене, се плашам да не згрешам. Сакам прво да ја запознаам личноста целосно, а потоа да му се предадам целосно. Доколку ме сфати, во ред, доколку не, не е вреден повеќе за ниту една минута од моето време. Кратко, јасно и директно. (Моника, 21, Битола)


14.
Кога не сакам секс, не сакам, сè доколку дечкото не биде доволно упорен да ме убеди, бидејќи ние девојките искрено не знаеме што сакаме. Еднаш се возбудуваме и го посакуваме, го допираме, а веќе во другиот момент се тргаме, се облекуваме и често го повторуваме зборот – Не, не, не! Јас одбивам секс кога навистина чувствувам дека не сакам да се случи, со тоа што си заминувам во истиот момент, но кога се двоумам останувам во кревет и упорноста на тој што е со мене може на крај да му се исплати. (Јасмина, 27, Прилеп)

Девојки, како вие одбивате секс? Момци, кои одговори ви се најприфатливи?

В.М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg