Како одбиваат секс македонските девојки?

Без разлика дали се работи за секс во врската, бракот или за една ноќ, доколку девојката не е расположена во истиот момент, тогаш сигурно ќе искористи некои од следните изговори кои треба да ги сфатите како „Не“.

kako-odbivaat-seks-makedonskite-devojki-01

- Имам добиено

Најлесно може да се извлече со оваа реченица и нема многу простор за преговори.

- Не се чувствувам добро

Причините можат да бидат најразлични. Можеби не може да се досети на ништо конкретно во моментот, но ако не го сфатите одговорот од прва,  веќе на следното прашање може да ви наброи листа со причини: Затоа што ме боли глава, стомак, имам проблеми, тешко ми е...

- Другарка ми ќе спие кај мене

Нема подобар начин да ве откачи, а да не биде виновна. Едноставно другарката е „досадна“, што да прави?

- Не се познаваме доволно за да имаме секс

Ова треба да ви биде јасен знак дека се работи за девојка која не ризикува и не влетува во непознато. Колку и да и се допаѓате, попрво ќе одбере сигурна варијанта со другарките, отколку секс со вас уште на почеток.

- Не се чувствувам доволно секси

По напорниот работен ден, доволно е што седи на кафе со вас, ама сигурно не е расположена за соблекување.

kako-odbivaat-seks-makedonskite-devojki-3.jpg

Ова се некои од универзалните, дури и клише изговори кои девојките ги користат за да бидат фини, а сепак да ги одбијат мажите.

За да провериме како сето тоа се одвива во пракса ги запрашавме директно македонските девојки, како тие одбиваат секс.

Погледнете ги нивните одговори:

1. Одбивам зависно од ситуација. Ако понудата е прилично непристојна и од непознат кој сака авантура за една вечер, одбивам по малку безобразно. Знам и да си заминам без одговор, доколку дечкото ме потцени на било кој начин. Ако понудата биде од дечко со кој сум во врска, а не се чувствувам подготвено, ќе разговарам на многу поинаков начин. Искрено ќе ја објаснам ситуација и ќе се надевам дека ќе сфати. Во спротивно, би ја прекинала врската. (Симона, 23, Скопје)


2.
Сингл сум и сум имала неколку авантури за една вечер, но и неколку неуспешни понуди. Момците кои не ми се допаѓаат знам да ги одбијам со некоја глупава лага и не ми е срам што ќе помислат. Кога еден беше претерано упорен, натерав еден добар другар да ми глуми дечко. Глупаво и проѕирно, ама успеа. (Јована, 22, Тетово)


3.
Кога не сум расположена за секс, му го кажувам тоа јасно на партнерот и не оставам простор за понатамошна дискусија. Ако навистина не сакам, не дозволувам да настојува и да ми додева. (Ивана, 21, Битола)


4.
Дечко ми добро ме познава, па знае дека ако еднаш кажам „не сега“, нема потреба да навалува и да ме напнува. Само може полоша ситуација да направи. Од друга страна, знае дека ако сакам нешто сама ќе му кажам или ќе му се приближам. (Наташа, 27, Куманово)


5.
Зависи од личноста. Ако е некој кој навистина не се разбира од збор и ми досадува тогаш знам да се послужам од разновидниот асортиман на пцовките. Хахаха...Можеби звучи лошо, но сепак ако претерува знам да го отерам по ѓаволите! (Анастасија, 21, Скопје)


6.
Па не би требало да постои дозвола за јас да го одбијам, секогаш е подобро да разговараме на таа тема, отколку да имаме секс, а јас да не сакам. Прашањето е како да кажеш фала, но не фала...Можеби не би реагирала на неговите допири, кои водат кон тоа или воопшто не би започнувала предигра доколку не сакам, а секогаш можеш да кажеш на пример : „Не, денес некако сум повеќе за пиво и филм”. Најдобро е тој да знае дека го одбивате сексот, а не него и тогаш сѐ ќе биде во ред. (Елена, 24, Скопје)


7.
Мислам дека потребата и желбата за секс треба да е обострана, а ако е така, тогаш таа се чувствува. Со секое движење, погледнување, допирање или зборување, сè води кон тоа. Доколку не се чувствува тоа, веројатно некој не е доволно заинтересиран. Јас обично тоа го покажувам со повоздржани движења, се тргам понастрана, не покажувам интерес и гледам да се зафатам со нешто друго. Сите сфаќаат до толку, мислам дека само очајни навалуваат. (Андријана, 29, Крива Паланка)

Уште 7 интересни одговори на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg