Совети за спасување на врската во криза
На почетокот секоја врска е нова и возбудлива, но со текот на времето започнуваме да забележуваме ситници кои ни пречат и заради кои забораваме зошто партнерот воопшто ни бил привлечен.
Ако се наоѓате во оваа ситуација и ви се чини дека вашата врска тргнала во погрешен правец, обидете се да ги примените овие 5 совети:
1. Не заборавајте на комплиментите. Без оглед на тоа како сакате да изреагирате, прво упатете комплимент. На почетокот може да ви се чини исфорсирано, но со текот на времето ќе ја развиете привлечноста.
2. Уживајте во допирите. И тоа не сексуални, туку пријателски. Искористете ја секоја можност да се држите за рака, а пред да станете од кревет бакнете го/ја. Допирите може да ви ја врат поврзаноста која полека се губи.
3. Ако подолго време останувате дома или пак малку време поминувате заедно - договорете состанок. Запишете го денот, времето и местото во календар и откажувањето не смее да го ставите како опција.
4. Разведрете се и не бидете постојано сериозни. Секој проблем во врската не е голема криза, а секоја критика на партнерот не е навреда. Опуштете и смејте се почесто.
5. Научете да простувате, да се ослободите од лутината и огорченоста. Потсетете се дека она што се случило е веќе завршено и нема поента да се враќате во минатото.
За крај, не го заборавајте советот на госпоѓата која била во среќен брак цели 60 години:
Партнерот нека ви биде поважен од егото!