Секс експертите откриваат: 6 најчести проблеми кои луѓето ги имаат во креветот
Кога се работи за начинот и количината на секс кај паровите, бројките и резултатите се потполно различни. Но, кога се работи за секс проблемите, тие се речиси идентични.
Ова се едни од најчестите, за кои постои соодветно решение:
1. Разликување на сексуалните желби
За овој проблем најчесто има 4 причини. Првата е од физичка природа, односно болката кај едниот партнер, а втората може да биде хроничниот замор или стрес. Останатите две се сексуалната или психолошка историја, како и поврзаноста во врската, кои значително влијаат на желбата. Без оглед на тоа од каква природа е причината, секогаш постои решение за силната или слаба сексуална желба на еден од партнерите.
2. Недостаток на време за секс
Често пати луѓето се служат со овој изговор само затоа што имаат посложени емоционални или физички проблеми. Наместо да ги признаат проблемите како недостаток на желба, негативно мислење за сопственото тело или предвремена ејакулација, полесно е да кажат „сега немам време.“
3. Еректилна дисфункција
Најчестиот проблем кај мажите е токму овој. Ако не постои медицинска причина за недостатокот на ерекција, тогаш се работи за анксиозен маж. Оние кои имаат сериозни врски и долгогодишни партнерки, започнуваат третман заедно со нив, додека оние кои се сами се соочуваат со потежок предизвик.
4. Болка за време на секс
Овој проблем е многу почест отколку што сите мислат. Болката која се јавува за време на сексот често пати се појавува кај жените за време на гинеколошкиот преглед или ставањето на тампон. Сепак, и за оваа болка можни се 2 причини. Првата е од физичка природа, која полесно се лекува, додека втората може да биде заради некоја сексуална траума од минатото или депресија и анксиозност.
5. Афера на еден од партнерите
Во овој проблем повторно се враќаме на првиот - различни сексуални желби. Токму тој ја предизвикува секоја љубовна афера која започнува со подобар секс отколку во долгогодишната врска. Многумина мислат дека полесно е да побараат подобар секс во нова личност, отколку да поработат на него со старата.
6. Мала емотивна интимност
Луѓето денес не знаат да се опуштат и да уживаат во моментот. Постојано некаде брзаат и токму поради тоа ја губат суштината во врската - сексуалната интимност. Затоа, правете го она што го сакате, колку почесто можете. Ако не знаете што сакате, откријте побрзо, затоа што само така ќе го решите секој проблем во креветот.