Што ги возбудува жените?

shto-gi-vozbuduva-zenite-povekjeЖените кои имаат успешна кариера и склоност кон ризик, повеќе уживаат во сексот. Ова е само уште една во серија обиди да се пронајде магична формула...

 

...која ќе осигури одличен сексуален живот за сите припаднички на поубавиот пол.

Откако е откриена вијаграта која на мажите многу им помага да ги исполнуваат своите сексуални задоволства, се инвестираат милиони со цел да се откријат мали таблети кои ќе го сторат истото и за жените.

Но, за разлика од мажите со кои е се многу едноставно, женската сексуалност е малку покомплицирано прашање. Некои жени имаат поголема желба за секс што кореспондира со нивото на тестостерон.

Таквите жени се амбициозни и често избираат кариера поврзана со финансиите или бизнис. Кај нив исто така се појавува многу често и силна желба за секс.shto-gi-vozbuduva-zenite

Ова докажува дека желбата на жените како и мажите е чиста хемија. Но, од друга страна пред да се впушти во однос, жената мора да се чувствува атрактивно и емоционално подготвена да биде со партнерот кој и одговара.

Ако неа не и се допаѓа како изгледа или има лошо искуство во минатото, не и одговара однесувањето на партнерот или едноставно не е вистинскиот момент, веројатно е дека жената нема да се впушти во сексуален однос.

Желбата за секс се разликува од жена до жена и не постои универзално правило или формула. Хормоните имаат важна улога бидејќи тие влијаат на речиси сите функции во телото и однесувањето.

Вишокот на тестостерон може да остави видливи траги на жените, во форма на зголемување на влакната по телото, но тоа не значи дека тие жени ќе чувствуваат голема желба за секс.

"Хоромоните кои влијаат на желбата за секс, се само мал дел од приказната. Жена коja има висок % на тестостерон и се наоѓа во лоша врска, нема да почувствува голема желба за секс", објаснуваат експертите.

За да се разбере подобро, кога и зошто жените се возбудени потребно е да се согледаат низа физички ментални и социјални фактори.

За добар секс се потребни желба, љубов, интимност и вистински момент. Друга важна работа, ако една жена ужива во сексот со својот партнер ќе се чувствува привлечна и ќе сака уште.

Ако не практикува секс, тој полека, но сигурно ќе падне во заборав и ќе стане нејзина споредна работа во животот.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg