7 златни правила за незаборавен секс
За да оставите добар впечаток во креветот треба и малку повеќе да се потрудите. Но, и покрај сè што правите добро е да знаете и да почитувате 7 златни правила кои може многу да ви помогнат.
1. До оргазам е многу тешко да се дојде без квалитетна предигра. Лесно истражување на телото прекриено со облека ќе ги разбуди сетилата кај двајцата партнери и многу полесно ќе се продолжи акцијата.
2. Негативни коментари за изгледот или големината на одредени делови од телото се апсолутно забранети во креветот.
3. Заборавете на инфантилното тепање и надигрувања. На тој начин ќе ја измешате страста ако партнерот го нарекувате со прекари како да му се обраќате на мало бебе.
4. Практикувајте го сексот целосно голи или делумно облечени. Чорапите на голото машко тело не се воопшто секси.
5. Искрено признајте му на партнерот дека сексот е смешна активност и така избегнете ги непријатните ситуации. Да, понекогаш ви излетуваат необични звуци од устата, а телото пред оргазам ви се грчи во чудни пози.
6. Ако не барате, нема да добиете. Комуникацијата е неопходна за страста во креветот, а особено меѓу новите љубовници кои не ги запознале своите ерогени зони.
7. Сексот нема многу допирни точки со она што го гледате во порно филмовите, ниту романтичните комедии. Во креветот препуштете се само на експериментите кои ви одговараат вам и на вашиот партнер и ќе бидете на сигурен пат до врвно задоволство.