Зошто оженети мажи?
Слободните жени велат дека сите добри момци се секогаш зафатени, а токму тоа е причината што ги прави толку привлечни. Истражувањето...
... покажало дека слободните жени во оженетите мажи гледаат како на подобра прилика.
Се чини дека самиот факт дека некој маж е зафатен потврдува дека е посакуван, покажува најновото истражување, а пренесува Dailymail.
Феноменот познат како посакувањето на жена/маж на своите блиски, може да даде објаснување зошто Анџелина Џоли падна на Бред Пит, па ја истера Џенифер Анистон и застана на нејзиното место.
Научниците во своето истражување покажувале фотографија на еден ист маж на стотина слободни жени, па ги прашувале колку овој маж за нив е привлечен, и дали би сакале со него да влезат во романса.
Во некои случаеви тој бил опишан како зафатен, а во неокои како слободен.Како што направиле со жените, истата тактика се спровела и кај мажите.
Откако испитаниците одговориле на поставените прашања, заклучокот бил дека слободните момци повеќе ги сакаат слободните жени, но за слободните жени повеќе се заведени од оженет маж. Истражувањето исто така покажа дека омажените жени се повеќе заинтересирани за слободен маж.
Причината поради која што жените повеќе ги сакаат оженетите мажи може да биде заради фактот дека штом тој е зафатен, автоматски докажува дека е подготвен за врска и обврски, а неговите квалитети ги препознала некоја друга жена.
За крај, останува прашањето дали Бред би и бил исто толку привлечен на Анџелина ако не беше зафатен? Но, тоа не е случај само со нив - секогаш можеме да се потсетиме дека забанетото овошје е најслатко.