Како мажите бираат сопруга, а како љубовница?
Мажите имаат различни критериуми за избор на жени или љубовници, а главниот критериум по кој се одлучуваат се цртите на лицето, покажува истражувањето спроведено на Универзитетот Стирлинг.
Колку тоа и да звучи чудно, женствените црти на лицето, прецизни, полни образи и помала вилица даваат нежен изглед кој мажите редовно го поврзуваат со доброто здравје, атрактивност и младост – карактеристики за љубовници.
Ваквиот изглед обично го имаат жените со високо ниво на естроген, а посебно се привлечни за мажите кои имаат повеќе партнерки.
Спротивно на нив, жените со поизразени и построги црти ги потсетуваат на зрелост и сигурност, поради што почесто ги бираат за сопруги.
Покрај тоа, нежните ликови повеќе им се допаѓаат на мажите кои за себе мислат дека се атрактивни, но кај жените е сосем поинаку – ним за авантури им се попривлечни мажите со груби црти на лицето, така што убавите не се најдобар материјал за љубовници.