6 одлични причини поради кои треба да мастурбирате
За да би биле сексуално задоволни не ви е секогаш потребен партнер. Не мастурбираат само тинејџери. Мастурбацијата е важен дел од здравиот сексуален живот и добра е за жените. Ова се шест причини поради кои треба да мастурбирате.
1. Мастурбацијата ве ослободува од стресот
Мастурбирањето ви овозможува да се концентрирате на едно нешто кое може да ви помогне да се опуштите. Кога размислуваме за сексот на кој било начин, се ослободува допамин, хемикалија која го ослободува мозокот и ве прави задоволни.
За време на мастурбацијата и сексот се ослободуваат ендорфини кои исто така прават да се чувствуваме убаво. Само немојте секогаш да се потпирате на мастурбацијата кога сакате да се ослободите од стресот, бидејќи може да станете зависни. Повременото мастурбирање може да ви го поправи денот.
2. Ги ублажува грчевите во стомакот за време на менструалниот циклус
Мастурбацијата може да ви ги олесни болките за време на менструацијата. Силниот оргазам може да ве ослободи од грчевите, а хормоните кои се ослободуваат за време на сексот, исто така помагаат.
Но, внимавајте, ова не важи за сите. Понекогаш контракциите на мускулите може да ги зголемат грчевите во стомакот. Обидете се да го следите своето тело.
3. Мастурбацијата ви ја открива вашата сензуална страна
Сексуалните терапевти им препорачуваат на жените кои никогаш не доживеале оргазам да почнат да мастурбираат. На тој начин ќе дознаат што им е потребно за да бидат задоволени. Во текот на мастурбацијата жените ќе дознаат во што точно уживаат и најверојатно ќе бидат послободни во сексот.
4. Може да ви помогне да доживеете оргазам за време на сексот
Ако имате потешкотии во достигнувањето на оргазмот за време на сексот, обидете се да работите на тоа за време на мастурбацијата. Со редовно мастурбирање научете како реагира вашето тело на сексуалните дразби. Кажете му на партнерот што сте откриле и тој ќе знае што треба да прави.
5. Мастурбирањето ја одржува желбата за секс
Ако ја запоставите својата сексуалност ќе ја изгубите желбата. За добро да функционираме во сексот, потребно е во крвта да имаме доволно азот-моноксид. Кој било вид на сексуална активност го одржува нивото на овие хемикалии. Ако долго време немате секс, тешко ќе ви биде да го достигнете врвното задоволство, но не грижете се, сѐ може да се врати во нормала.
6. Мастурбацијата може да помогне во борбата против несоница
Ако имате проблем со несоница, пробајте да се ослободите на овој начин. Токму како што многу луѓе заспиваат после сексот, бидејќи се спушта притисокот и се зголемува ослободувањето на ендорфини, така и мастурбацијата е добар начин за да заспиете.
Мастурбацијата може да спречи уринарни инфекции, дијабетис и рак
Двајца австралиски научници одлучиле да видат за кои здравствени проблеми е добра мастурбацијата. Еве што откриле:
- 94 отсто мажи и 84 отсто жени признаваат дека мастурбираат
- Жените со мастурбација може да спречат уринарни инфекции
- Мастурбацијата го намалува ризикот од дијабетис тип 2, спречува несоница, ослободува од напнатост и ја зајакнува карлицата за време на контракциите кои се јавуваат за време на оргазмот.
- Спречува рак на простата. Студијата открила дека мажите кои редовно имаат секс имаат помал ризик да заболат од рак на простата, а мастурбацијата го има истиот ефект.
- Се претпоставува дека мастурбацијата може да биде од помош и во депресија, благодарение на ендорфините кои се произведуваат за време на мастурбирањето и благо покачување на хормонот кортизол, кој може да биде добар за зајакнување на имунолошкиот систем.
- Мастурбацијата е најпогодна метода за постигнување добар оргазам, а луѓето кои редовно имаат оргазам се под помал стрес, имаат понизок крвен притисок, поголема самодоверба и поблаги болки.