Вистината за афродизијаците
Сигурно повеќе пати во животот сте слушнале дека некој продукт е силен афродизијак и дека со своето дејство го зголемува сексуалниот апетит. Еве неколку факти за познатите афродизијаци, односно анализа дали тие го заслужуваат своето име.
Цимет
Овој зачин навистина го има докажано своето својство на афродизијак. Сепак, за да делува потребна е поголема количина од истиот.
Црно чоколадо
Чоколадото кое содржи висок процент какао е навистина фантастична. Таа освен што е здрава и пожелна кога сте на диета, исто така го има оправдано своето име на афродизијак.
Јастог
Иако е на глас дека е силен афродизијак, сепак внимавајте да не претерате со внесената количина. Бидејќи морската храна е лесна за јадење, лесно може да се случи и да се прејадете, па желбата за секс да биде заменета со желба за спиење. Секс и полн желудник едноставно не одат заедно.
Кавијар
И покрај репутацијата на афродизијак, кавијарот пред се дава чувство на ситост и релаксираност. А, кога е возбудувањето во прашање – може да се возбудите само од неговата цена.
Школки
Школките се меѓу првите на листата на моќни афродизијаци и тоа е со полно право. Се јадат свежи и делуваат многу брзо – околу пола час по консумирањето.
Црвено вино
Проверено е дека виното не опушта и придонесува за сексуална возбуда. Само внимавајте да не претерате. Доволни се две чаши за долга, романтична ноќ.