19 тајни за подобар секс

Ако сè уште се трудите да го доживеете совршениот секс или пак барем да се приближите до совршенството, испробајте ги овие едноставни нешта кои инстантно го подобруваат овој чин.

19-tajni-za-podobar-seks-01

Покрај омилените пози и делови од денот, многу важни се следниве 19 нешта за да го достигнете врвот.

1. Загушеното светло е одличен почеток. Не сите сакаат да се забележат нивните мани и недостатоци во креветот. Одлично светло се свеќите и малите столни ламби кои се скриени во некое ќоше.

2. Не јадете\пијте вино непосредно пред секс. Можеби е романтично и прекрасно, но сепак после јадењето и виното следува желба за мала дремка која без сомневање ќе го уништи енергичниот секс.

3. Важно е да се чувствувате безбедно и сигурно, да не се плашите од личноста со која сте во кревет. Трудете се да бидете со некој\a со кој\a не се плашите дека во секој момент ќе ве избрише од неговиот живот.

4. Усовршете го бакнувањето.

5. Тоа што знаете дека можете да и верувате на другата личност е одлична работа. Нема потреба од страв случајно да не ве искористи, да не ви нанесе болка или пак да не ги пушти полу голите слики во јавност.

6. Направете си листа на песни кои ве опуштаат и двајцата и уживајте.

7. Бидете подготвени да го прифатите вашето тело онакво какво што е, без разлика на вашите недостатоци или вишоци.

8. Намалете ги кочниците кои ви ги попречуваат желбите. Што и да посакате, кога и да посакате е мотото кога станува збор за задоволствата во креветот.

9. Добриот секси разговор не е нешто што го повторуваш од некое порно. Смисли точно што и како сакаш, а потоа осуди се на овој чекор. Во спротивно, може да нема никаков ефект.

10. Прифаќајте интересни понуди од вашиот партнер\партнерка. Отворете го умот и не возвраќајте со „Нема шанса, тоа е чудно!“

19-tajni-za-podobar-seks-02

11. Без многу очекувања колкав е и каков е. Сè што ќе испланирате, а нема да излезе така само ќе ви ја уништи желбата.

12. Усовршете ги тивките повремени насмевки кога нешто незгодно ќе се случи.

13. Користете ја заштитата која најмногу ви одговара и на двајцата. Тоа е разговор кој мора да го направите на самиот почеток за да си го олесните задоволството.

14. Бидете сигурни во секси способностите кои ги поседувате, колку и да ви изгледаат смешно во моментот.

15. Разберете дека секогаш ќе се случуваат незгоди и бидете сигурни дека не сте единствените.

16. Задоволете се со неверојатна предигра која може да трае и половина час. Сè додека уживате, вие го одредувате темпото.

17. Ако му пружите огромно задоволство, не го очекувајте назад. Правете го она што сакате и заради тоа што го сакате.

18. Потрудете се да немате многу луѓе во близина.

19. Совршениот секс нема да го доживеете со човек за една вечер. Трудете се да го доживеете со личност која ја сакате и на која сте и тотално посветени.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg