Како да препознаете „алфа мажјак“?
Врз основа на проучување на 155 мажи во таканаречените кризни ситуации, истражувачите од Оксфорд направиле студија која многу бргу го нашла своето место и во анкетата на разговорите за работа.
Иако само 27% од испитаниците имале особини на природен лидер, т.н. „алфа мажјак“, научниците не се загрижени.
„Тоа е сосема нормално, бидејќи тие кои ги имаат овие особини се навистина ретки“, тврди шефот на истражувачкиот тим, професорката Џулија Ли Торп.
А како да се препознае роден лидер, „алфа мажјак“?
Кога тој ќе влезе во просторија, не може да остане незабележан. Самостоен е, има самодоверба, интелигентен е, има харизма, но и талент за самопромоција. Смирен е и влева сигурност. Кога тој зборува, другите слушаат и не го прекинуваат. Другите го копираат неговиот стил, говор, изглед, а тој не копира никого. Мажите сакаат да се дружат со него, а жените да излегуваат со него. Никогаш нема да дозволи девојката да ја плати вечерата.
Не паничи во кризни ситуации, бргу ја анализира ситуацијата, делува веднаш и одлучно бидејќи знае дека нема време на претек. Сака предизвици, сака да победува. Ја прифаќа борбата кога е потребно и само ако е потребно. Иако не е силеџија, ниту насилник, нема да се двоуми да влезе во судир со далеку посилен и подобар од себе, но само ако причината е сериозна.
„Алфа“ никогаш не провоцира, ќе се бори само ако е потребно и ако процени дека судирот е неизбежен. Со оглед на тоа дека има жесток темперамент, има големи шанси да победи.
Не им се додворува на лидерите и не бара нивно одобрување и пофалба. Тој е лидер. Со него сте, или против него сте. Нема проблем со признавање на грешките. Едноставно ќе каже дека не бил во право и ќе се извини. Ќе се обиде, ако е можно да ја поправи грешката.
Никогаш нема да го издаде својот тим ниту да го изневери членот на своето друштво. Мажот не е поголем ако истакнува дека другите се помали, тоа е неговата девиза. Иако умее молскавично да реагира, тој секогаш ќе размисли пред да стапи во акција. Никогаш не ги обвинува другите, туку ја презема одговорноста за своите постапки. Алфа мажјакот не лаже. Тој е „стрејт“.
Препознавте ли некого во овој опис? Можеби себе си?