Сексот без заштита е секојдневие
Новото истражување спроведено во Велика Британија, покажа дека 70% од жените редовно имаат секс без заштита, а 18% признале дека често пати...
...се пијани за да се сетат да користат кондоми.
Во истражувањето учествувале 2.000 жени на возраст од 18 до 40 години, третина од нив објасниле дека страста ги обзема толку брзо што забораваат на кондомите, а една петина тврдат дека веруваат дека партнерите нема да им пренесат полови болести.
Дури 18% од девојките признале дека често пати се премногу пијани за да користат контрацепција, додека 8% објасниле дека едноставно не сакаат да користат кондоми.
Десетина жени постари од 30 години признаваат дека чувствуваат непријатност кога треба со нов партнер да разговараат за контрацепција.
Ова истражување покажало дека жените со годините не секогаш стануваат поодговорни. 16% од испитаниците постари од 30 години признале дека се помалку внимаваат на заштитата за време на секс.
Др. Тони Стил вели дека овие резултати се загрижувачки, па потсетува дека некористењето заштита може да има големи последици по здравјето почнувајќи од несакана бременост, па се до полови болести.