Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)?

Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречената Либидо диета, односно план за исхрана кој го зголемува либидото, возбудата и влијае позитивно на сексуалниот апетит.

libido-dieta-shto-da-jadete-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-nutricionistite-01.jpg

Нутриционистката Џена Хоуп го промовира овој начин на исхрана и вели дека е навистина ефикасен.

Таа преку Инстаграм ги споделува своите совети за појадок, ручек и вечера, кои помагаат да се зголеми либидото кај луѓето.

Хоуп не ја ограничува количината на намирници што се внесуваат и вели дека не мора секој ден да ги јадете сите три оброци во денот според овој план, туку дека можете да комбинирате еден или два оброка од овој план, а остатокот од денот да јадете по своја желба.

libido-dieta-shto-da-jadete-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-nutricionistite-06_copy.jpg

Што содржи Либидо диетата на Џена Хоуп?

Појадок:

Бобинки и јогурт

„Бобинките се добар извор на флавоноиди и можат да помогнат при протокот на крв. Ова е особено важно за перформансот на мажот за време на сексот“, вели Џена.

Таа додава дека во оваа смеса може да се додадат и бадеми, кои се богати со Б витамини, а кои помагаат во производството на хормони.

Јогуртот, пак, содржи пробиотици кои го зголемуваат нивото на енергија и сексуалниот нагон.

„Јогуртот е преполн со цинк, витамин Б12 и магнезиум, сите клучни за оптимизирање на женското сексуално здравје“.

libido-dieta-shto-da-jadete-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-nutricionistite-04.jpg

Омлет од зеленчук

„Јајцата содржат аминокиселини кои докажано помагаат да се намали ризикот од еректилна дисфункција. Тие содржат и протеин кој ни помага да останеме сити подолго време, така што е помала веројатноста да посегнеме по 'нездрава храна' која го саботира сексуалниот нагон“, вели Џена.

Таа препорачува за појадок да јадете омлет со домати, пиперки или зеленчук по ваш вкус.

Авокадо на тост

„Авокадото е богат извор на витамин Е и може да помогне при протокот на крв, односно подобрување на перформансите за време на сексот“, објаснува Џена.

Таа вели дека ако решите да јадете авокадо за појадок, не треба да изедете повеќе од 1/3. Авокадото содржи многу масти и калории, а тоа не е многу препорачливо за организмот.

libido-dieta-shto-da-jadete-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-nutricionistite-03.jpg

Ручек

Цвекло, тост и пржени јајца

Цвеклото е богато со нитрати кои се користат како азотен оксид и можат да помогнат при протокот на крв во телото.

„Повисокото ниво на проток на крв може да го подобри вашето искуство во кревет“, тврди Џена.

Тостот, пак, е извор на јаглехидрати, кои ја зголемуваат енергијата потребна за секс.

Тестенини со лосос и песто

Пестото е богато со цинк, а цинкот игра витална улога при производството на тестостерон кај мажите.

Лососот, пак, е богат со витамин Д, а ниското ниво на витамин Д може да придонесе за нарушено либидо.

libido-dieta-shto-da-jadete-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-nutricionistite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg