-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто по автоматизам претпоставуваме дека со немажените жени нешто не е во ред?

Да се омажиш подоцна за вистинскиот е подобро, отколку да се омажиш порано за погрешниот... Се согласувате ли? А сосема во ред е и да не се омажиш, ако тоа е твојот личен избор, зарем не?

zoshto-po-avtomatizam-pretpostavuvame-deka-so-nemazhenite-zheni-neshto-ne-e-vo-red-01.jpg

Кога луѓето, особено жените, ќе стигнат до одредена возраст, на пример 30 години, како да не постои ништо друго на светов и сите ги прогонуваат со прашањето: „Зошто не си омажена уште?“ или уште полошо „Побрзај, омажи се, ти отчукува биолошкиот часовник – кога ќе имаш деца?“.

По сите години на едукација, тешка работа и личен развој, најважно е да најдете маж... Во спротивно нешто не е во ред со вас.

Жените се уморни од ова, не сакаат да слушаат дека возот за мажење им избегал само затоа што стигнале до одредена возраст.

Дали сте се запрашале дека тие можеби не сакаат да се омажат и да имаат деца никогаш?

Дали сте се запрашале дека можеби имале добра можност, но била прерано во нивниот живот и не биле сигурни дали е вистинската?

Зошто по автоматизам претпоставуваме дека со немажените жени нешто не е во ред?

Зошто не нормализираме дека е во ред да се омажиш на која било возраст во животот или да не се омажиш воопшто, доколку тоа е твојот избор?

Искрено, постојат многу луѓе што се каат што се омажиле премлади затоа што сега го надраснале својот партнер и еволуирале во различни насоки... Постојат и луѓе кои се покајале што прерано имале деца, а притоа не биле емоционално и ментално зрели за таков тип на одговорност.

Постојат многу жени кои остануваат во несреќен брак само затоа што се плашат од етикетата „разведена“, дури и кога тоа ги чини личниот мир и среќа.

Зошто не ги осудуваме овие жени и не им вршиме притисок?

Ако општеството наметнува да се омажите со маж што не го сакате и да бидете мизерни и ве притиска да имате деца кога не сте подготвени за тоа, само за бабите да бидат среќни, тогаш нешто не е во ред со општеството.

Совршено нормално е некои луѓе да ги носат важните животни одлуки подоцна во животот. Запомнете го тоа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, ми кажа татко ми - но мене бракот ми го разубави животот „За едно сум посебно благодарна - што татко ми со своите приказни сепак ме научи...
Луѓе кои го фатиле неверниот партнер на дело ги споделуваат нивните (луди) искуства „Се вратив еден ден порано од деловно патување. Дома ме пречека сопругата прегрн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg