8 тајни од зад сцената на балерините (за кои само тие си знаат)
Носат хулахопки со отвори кај прстите - oва им дозволува брз пристап во нивните прсти во случај кога треба да санираат повреда, да залепат ханзапласт и слично.
Професијата балерина/балетан звучи совршено, зарем не? Но, кои се тајните зад совршените изведби и блескавата сцена?
Часови и часови вежбање, многу повреди, болка и фрустрации, но се исплати – ќе кажат тие.
Тајни од зад сцената:
Не носат темен лак на ноктите за време на изведбите
Рацете на балерината се многу значаен дел при изведбата, исто како и нозете, па балерините не сакаат нешто да ги дефокусира гледачите при изведбата и затоа имаат непишано правило да не носат темен лак на ноктите.
Мажите носат специјална долна облека
Под хеланките за на сцена, мажите не носат обична долна облека, туку специјална која цврсто ги стега и е интергрален дел од костимот, ја носат дури и на проби и, се разбира, на главниот настап.
Се случува балерините воопшто да не носат долна облека
Балерините носат долна облека од тенок материјал, која е речиси невидлива под костимите, а се случува дури и да не носат за да не го нарушат изгледот на костимот.
Внимаваат екстремно при сечењето на ноктите
Се верува дека балерините можат да трпат болка трипати повеќе од останатите луѓе. Носењето на чевлите за балерини е многу болно искуство, па затоа тие не ги сечат ноктите прекусо и се многу внимателни во врска со тоа.