11 работи кои ве прават одбивни на интервју за работа
Тетоважи и пирсинг
Не секој работодавач разбира дека тетоважите и пирсингот се личен избор, па би било добро да ги сокриете под облеката доколку аплицирате за работно место од типот на банкарски шалтер.
Во спротивно, во ред е ако ги покажете, така ќе видите дали станува збор за конзервативна компанија, каде нема да можете слободно да се изразувате.
Избор на чевли
Навистина нема потреба од сандали или некои ексцентрични чизми на интервју за работа, најдобар избор се класичните чевли.
Доцнење или пристигнување во последен миг
Организацијата на времето е клучна карактеристика кај добрите вработени, па затоа мора да стигнете малку пред време за да оставите добар впечаток.
Говор на тело
Бидете самоуверени, седете исправено и смешкајте се. Пред интервјуто прочитајте и некои тактики околу говорот на тело.
Кафе во рака или слушалка на уво
Навистина не е културно и со ваквите детали изгледате како да не го сфаќате интервјуто доволно сериозно.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





