10 најпаметни работи кои може да ги направите во првите 10 години од кариерата
Не сите ја сакаат својата работа и ретки се оние кои успеале да ја најдат работата од соништата.
Сепак, за да се постигне тоа, мора да се вложи труд и да се стремите кон таа цел, а не пасивно да чекате работата да падне од небо.
Постојат некои работи кои треба да ги направите уште по завршувањето на факултет и да си го направите патот до успехот уште во првите 10 години од кариерата.
Погледнете кои се 10-те работи кои треба да ги направите на почетокот на кариерата за да бидете успешни понатаму:
1. Поставете си цел да бидете фини и љубезни со сите кои ги запознавате – не знаете кој, кога може да ви затреба.
2. Аплицирајте за повеќе пракси додека барате работа, наместо да си го губите времето.
3. Присуствувајте на сите бизнис настани на кои сте поканети, кои се организираат на вашиот факултет или за кои гледате дека се во ваша близина – Фејсбук многу ќе ви помогне за откривање.
4. Не е толку страшно ако некогаш си ја однесете работата дома – добро е да ја завршите целосно и да се покажете, но внимавајте тоа да не стане навика.
5. Побарајте покачување на платата во моментот кога мислите дека е тоа соодветно и зборувајте отворено за вашите заслуги.
6. Држете се до одредена рутина и не ја нарушувајте, независно од околностите – така ќе бидете попродуктивни.
7. Обидете се да бидете први во канцеларија и да започнете барем половина час порано од вообичаеното – полесно ќе се фокусирате во тишина и ќе го започнете денот продуктивно.
8. Не се учете да ги одбивате сите дополнителни задачи кои ќе ги побараат од вас. Ценете си го времето, но разберете и дека работата не секогаш е лесна.
9. Никогаш немојте да се срамите или плашите да побарате помош – за некој е можеби малку, а вам ќе ви смени многу.
10. Не го ограничувајте умот и секогаш бидете отворени за нови работи, цели, сугестии и прифаќајте ризици.
М. М. | Црнобело