По 5 години проучување на милионери, сфатив кои 15 навики нè спречуваат да се збогатиме
Работите кои НЕ ги правите во животот се одлучувачки за тоа каков живот ќе имате. Токму во нив можеби лежи и причината зошто не успевате да заработите пари.
Том Корли е автор на книгите„Rich Habits“ и „Change Your Habits, Change Your Life“. Тој 5 години минал во друштво на милионери и открил кои навики нè спречуваат да си ги постигнеме целите и соништата.
Открил дека милионерите имаат некои заеднички навики како градење на квалитетни врски, поставување на цели и преземање на пресметани ризици.
Но, направил и листа на навики кои нè спречуваат да се збогатиме:
- Не читаме за да научиме нови работи.
- Не ги следиме нашите соништа.
- Не креираме цели што ќе не мотивираат.
- Не враќаме веднаш на телефонските повици.
- Не се будиме порано за да работиме на себеподобрување.
- Не штедиме пари.
- Не инвестираме паметно.
- Не правиме повеќе од тоа за кое сме платени.
- Не избегнуваме залудно да губиме време.
- Не го правиме тоа што мора да биде направено.
- Не се поврзуваме со други успешни луѓе.
- Не преземаме одговорност за своите постапки во животот.
- Не учествуваме во добротворни акции.
- Не вежбаме секој ден и не јадеме здраво.
- Не сме хумани општо.
Прочитајте и еден трик што треба да го украдете од богатите луѓе!
С. С. | Црнобело