Што никако не смеете да правите на компјутерот на работа?
Само тоа што го викате „компјутерот на работа“ треба да ви кажува нешто – се користи исклучиво за работа.
Понекогаш е тешко да разграничите што смее, а што никако не е дозволено да правите на него, па ако на паузите си проверувате приватни мејлови, време е да престанете. Подобро е тоа да го направите од смартфонот.
Неколку работи кои никако не смее да ги правите на компјутерот на работа:
Не подготвувајте приватни документи
Иако ви се чини како добра идеја приватните документи да ги средина „на брзина“ од работа или пак идеите да ги запишете во еден word документ, обидете се да ѝ одолеете на потребата.
Не посетувајте веб страни кои не би им ги покажале на надредените
Ова е сосема логично и не смее да заборавите дека во големите компании постои цел тим од луѓе кои ги надгледуваат содржините кои вработените ги листаат во работното време.
Избегнувајте онлајн разговори
Дури и кога се работи за разговори со колегите со кои работите, не би било лошо да користите таен чет. Не знаете кои информации може да бидат злоупотребени.
Подалеку од онлајн продавници
Онлајн шопингот во работното време може да ви донесе само отказ, или опомена ако сте среќни, и ништо повеќе.
Не го користете за гуглање на други работни позиции
Доколку не сте задоволни од работното место на кое сте моментално, замена за него барајте од дома, по завршувањето на работното време.
М. Д. | Црнобело