24 правила за успех во животот од инвестициски банкар од Волстрит

Ричард Џенрет препорачува секогаш да имате план Б, наследник, резерви и сите пари да не ви стојат на едно место.

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-01.jpg

Неодамна почина легендарниот инвестициски банкар од Волстрит, Ричард Џенрет. Тој работел повеќе од 40 години на Волстрит, a почина од рак на 89-годишна возраст.

Но, пред тоа оставил рачно напишано писмо со 24 правила кои луѓето треба да ги почитуваат ако сакаат да постигнат успех во животот.

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-02.jpg

Писмото имало наслов „What I learned“ и неговите правила за успех гласат вака:

- Останете во играта. Често тоа е сè што треба да направите – да не се откажувате. Бидете истрајни! Не бидете човек што се откажува!

- Не ги палете мостовите зад вас.

- Запомнете – во животот нема поголем благослов од добриот пријател.

- Не ги оставајте старите пријатели зад вас – можеби ќе ви притребаат.

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-05.jpg

- Обидете се да бидете фини и кажувајте „благодарам“ често.

- Бидете информирани, односно учете постојано!

- Одржувајте пријателства со луѓе на секоја возраст – особено со помлади.

- Бидете горди.

- Планирајте однапред.

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-04.jpg

- Претворајте ги проблемите во можности.

- Наградувајте се.

- Користете добра граматика.

- Не пцујте премногу.

- Бидете отворени за промени.

- Забавувајте се, но не постојано.

- Секогаш имајте план Б, наследник и резерви. Не ги ставајте сите пари на едно место.

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-06.jpg

- Научете странски јазик.

- Патувајте многу низ светот.

- Не критикувајте некој пред другите.

- Не заборавајте да ја цените добро сработената работа (но не и лошо сработената).

24-pravila-za-uspeh-vo-zivotot-od-investiciski-bankar-od-volstrit-03.jpg

- Не бидете губитник.

- Помага ако имате некој што ве сака (не само за секс).

- Одржувајте ги вашите стандарди високи.

- Гледајте ја големата слика, но не ги заборавајте малите детали.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg