5 знаци дека работата е вистинската за вас, иако не се чувствувате така
Има причина зошто работата се вика работа - не е секогаш забавна.
И, иако не можете да ги поправите работите кои секојдневно ве нервираат на работното место, најважно е да се фокусирате на сигналите дека работата е вистинската за вас.
Експертот за кариера Blair Decembrele открива кои се знаците дека работата е вистинската за вас, иако секогаш не чувствувате дека е така:
Не ги користите само оние вештини кои ги знаете, туку учите и многу нови
Повеќето луѓе сакаат компанија во која ќе се развиваат како професионалци. Вашето работно место мора да ве предизвикува за напредок.
Размислете дали новите вештини што ќе ги научите на ова работно место во иднина на интервју за некоја друга работа ќе ве издвојат од останатите апликанти.
Имате каде да растете
Без разлика дали е мала или голема компанија, важно е дали има простор каде да растете во иднина. Размислете дали има можност за унапредување и за покачување на платата.
Една од работите кои најмногу ги мотивира луѓето да останат на сегашната работна позиција е фактот што знаат дека има можност да растат во таа компанија.
Имате добар баланс на работата и приватниот живот
Важно е вашата работа да не му пречи на вашиот приватен живот, дури и да е работа која ја обожавате.
Флексибилноста е на цена во компаниите и во ред е ако некогаш останете повеќе од 8 часа на работа, но ако немате баланс и време за семејството и останатите работи што ве прават среќни, тогаш нема поента да останувате на тоа работно место.
Инспирирани сте од работата што ја работите
Чувствувате дека имате цел и дека вашата работа е значајна. Многу луѓе кога го немаат ова од својата кариера во секојдневието, одат и извршуваат волонтерска работа за да се чувствуваат подобро.
Па, ако вашата работа ве инспирира, тогаш чувајте ја.
Тешката работа што ја вршите е ценета
Со сиот труд што го вложувате во работата би било вистинско кршење на срцето доколку некој не го цени тоа.
Навистина е важно вашата посветеност да се цени и да добиете комплименти колку добро нешто сте завршиле. Пофалбата за добро завршена работа е најголемата мотивација.
С. С. | Црнобело