Практични совети како постепено, но сигурно да го реорганизирате и дигитализирате вашето бизнис работење

Светот на бизнисот се врти побрзо и од планетата Земја. Канцелариското работење продолжува да се дигитализира со нереални брзини, а зад сето тоа стои главната цел – да се градат посилни односи со клиентите, да се зголемат можностите на пазарот и да се поттикне корпоративниот раст. Дигиталните трансформации се неизбежни за да се биде во чекор со бизнис моделите на денешницата. Од постојана поврзаност со клиентот, до можности за навремено информирање и целосно искористување на потенцијалот на вашиот бизнис, време е да ги истражите и да почнете да применувате современи, но исклучително корисни алатки кои ќе донесат бенефит во работењето на секоја компанија, почнувајќи од малите, средните, па сè до големите корпорации.

prakticni-soveti-kako-postepeno-no-sigurno-da-go-reorganizirate-i-digitalizirate-vasheto-biznis-rabotenje-01.jpg

Приоритетна алатка или број еден алатка е професионалниотe-mail. Претпоставувамe дека се прашувате што е "професионален e-mail" во денешно време. Е-пошта како е-пошта, но... секој менаџер сака да биде сигурен дека е-поштата во неговата компанија функционира во секое време. Дополнително, секој сака да биде сигурен дека нема да ги пропушти пораките од клиентите, понудите од соработниците или важните известувања кои секојдневно ги добива.

Секако дека никој од нас не сака поштенско сандаче полно со досадни спам пораки. Многумина стравуваат да отвораат пораки со сомнеж дека тие содржат вирус кој потоа ќе ја доведе во прашање безбедноста на важните податоци. Без двоумење, повеќе нема потреба да се грижиме за големината на сандачето и да се чистат пораките постојано. Едноставно, доколку сакате продуктивност, мобилност, напредни календарски функционалности и сето тоа да биде спакувано во една сигурна алатка на која ќе и верувате, тогаш тоа е “професионалниот e-mail“, којшто е една од најчестите форми на комуникација со партнерите. 

prakticni-soveti-kako-postepeno-no-sigurno-da-go-reorganizirate-i-digitalizirate-vasheto-biznis-rabotenje-02.jpg

Но, дали некогаш сте размислиле да закажете средба или состанок со вашите корисници, партнери или соработници и да им ставите до знаење кога сте достапни?  Користењето на јавен календар за закажување на состаноци оди чекор понатаму и дава опција компаниите да им овоможат на своите клиенти или соработници да предложат термин или да закажат состанок директно во нивниот online календар, што е координиран дури и со Facebook.

На овој начин, сопствениците на компанијата, неговите вработени како и клиентите, во секое време имаат увид во својот распоред на активности, со што можат да го планираат работното време во текот на денот. Со тоа, тие заштедуваат време, добиваат потсетници на своите комуникациски уреди за одржување на состанокот или средбата, без оглед каде и да се наоѓаат.

Сите овие алатки, но и многу други неопходни за организирано работење на компаниите во денешното динамично работно секојдневие под една капа ги обезбедува Office365  пакетот на Microsoft, којшто е достапен за Windows, MacOS, iOS, како и Android. Едноставно, тој е прилагоден на потребите на сите бизниси.

prakticni-soveti-kako-postepeno-no-sigurno-da-go-reorganizirate-i-digitalizirate-vasheto-biznis-rabotenje-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg