7 тајни за работата на полицајците
Во нивниот работен ден нема тон адреналин секој ден како што ни е прикажано на филмовите, но некои работи сепак се исти и во реалноста.
Полицајците се задолжени за редот и мирот. Од спасување на невини луѓе и пишување на казни за прекршоци во сообраќајот до испитување на опасни криминалци нивниот, работен ден понекогаш може да донесе вистински наплив на адреналин.
Интересни факти за работата на полицијата:
Полицијата знае сè за вас
Со добивањето на биометриските пасоши нашите отпечатоци сега се во базата на податоци на полицијата.
Чуварите на законот имаат многу информации за нас и овие информации им се од голема помош во случаите на прекршување на законот.
Имаат ремени за суперхерои
На нивните ремени, покрај пиштолот, имаат закачено и низа други работи кои им требаат во текот на работниот ден.
Поголемиот дел од работата им е рутина
Благодарение на филмовите многумина од нас веруваат дека работењето во полицијата е константна трка по лошите момци и експлозија од адреналин.
Но, работата во полицијата е многу посмирена и поголемиот дел од работите се рутина, особено кај нас, каде стапката на криминал е многу помала отколку во САД на пример. Тие мора да подготвуваат документација и да поднесуваат извештаи.
Се покриваат еден со друг
Кога ќе направат некои мали грешки тие навистина се покриваат затоа што нивната работа е под будното око на целата земја, па дури и светот.
Треба да бидат пример за чесност и правдина, па понекогаш на секој начин се трудат да ја задржат добрата репутација.
Трикови на испитување
Полицијата понекогаш се среќава со најталентираните лажговци помеѓу криминалците. Па, мора да користи посебни методи на испитување.
Често полицајците манипулираат со одредени информации, претставувајќи ги како точни пред криминалецот за да го наведат да признае дека навистина го сторил тоа злодело.
Самоодбраната на прво место
Да се биде полицаец е една од најопасните професии, затоа што шансата да се вратат дома по завршената смена е помала отколку на некој канцелариски работник.
Затоа мора самоодбраната да им биде на прво место.
Полицајците сепак се луѓе
Сигурно и вас кога ќе ви напишат казна за брзо возење или поминување на црвено полицајците ви изгледаат како вистински „монструми“.
Но, тие се само луѓе и мора да си ја завршат својата работа за да земат плата. Плус, со нивната казна ве предупредуваат повторно да не ја правите истата грешка и со тоа ви го штитат животот.
С. С. | Црнобело