Ако сте професор или наставник се вбројувате во трите најстресни професии во светот
Од 80-тина различни и детално истражени професии, оние во образовно-просветителската дејност се рангирани во првите три најстресни професии.
Доколку се прашувате зошто, одговорот е едноставен – работните часови се долги и немате можност да се дружите многу со колегите, работата е премногу обемна, а секоја нова влада носи различни промени на кои професорите мора да се приспособат.
Во некои земји на професорите им се нуди и соодветна помош и поддршка од страна на психолози, бидејќи стресот кој со себе го носи училницата и учениците може да стане извор на многу ментално-здравствени проблеми.
Други професии кои се одликуваат со високо ниво на стрес се оние во здравствениот сектор и најголем дел од униформираните лица, како полицајците, пожарникарите и вработените во службата за брза помош.
Од друга страна пак, од професиите со најниско ниво на стрес се истакнуваат библиотекарите, градинарите и биолозите.
Нервозата, стресот и депресијата се водечките причини поради кои вработените бараат отсуство од работата, односно боледување во многу професии, но во образованието овие се „ендемски“.
Константните промени во образованието влијаат на нивото на стрес кај професорите, а со цел да реши овој проблем на глобално ниво, потребно е да се гарантира независност од политичката контрола.
Дали се согласувате со тоа дека професорите имаат најстресна работа?
(О)Милена | Црнобело