Бегај од мажот кој не може да поднесе амбициозна жена – 3 правила за успех на Рис Витерспун
Прекрасната русокоса актерка која е веќе добитничка на Оскар во моментов е на врвот на својата кариера. Таа воедно е и продуцент и директор на сопствен лајф-стајл бренд, Draper James.
Нејзиниот успех според неа доаѓа најмногу од сопствената амбициозност, а со споделувањето на советите, Рис се обидува да им помогне и на другите жени кои сонуваат да ги остварат своите големи соништа.
„Бегајте од мажот кој не може да се носи со вашата амбициозност“, советува актерката на самиот почеток. „Бегајте!“ Сепак, вистинските мажи сметаат дека амбицијата кај една жена е прекрасна и секси.
Ова се трите совети кои ги нуди Рис Витерспун за сите жени кои се обидуваат да направат нешто од својот живот:
Немој да им се предаваш на тешките околности
Главно, на политичките случувања и општествениот систем во кој живееме.
„Имало денови кога гледам вести на ТВ и ме тераат да се чувствувам комплетно безнадежно за жените. Се чувствувам поразено кога гледам вести во кои се зборува како големите корпорации ги плаќаат мажите- директори значително многу повеќе за разлика од жените-директори, или кога гледам дека жените денес маршираат за истите права за кои марширале и пред 45 години.“
„Колку и да чувствувате дека се враќаме назад и сè е превртено наопаку и изместено, никогаш не треба да престанеме да се бориме за нашите цели“.
Со еден збор, Рис се труди да биде и да остане жена која секогаш ја гледа чашата како полуполна и не дозволува да биде обесхрабрена од општата ситуација.
Не престанувај да го работиш она за кое имаш страст
„Сè што можеме да сториме со цел да направиме промена е да работиме напорно. Мојот совет: Прави го она за коешто те бидува.
Ако сте од оние луѓе кои во себе имаат мало гласче кое им вели – Можеби сум добра во ова или она, не го замолчувајте гласот. Дајте му простор да дише, да расте, и најдете средина во која ќе може да се развива и да постигне успех“.
Опкружи се со група која ќе ти дава поддршка
Нормално, секогаш помага да имаш група блиски луѓе кои ќе „навиваат“ за тебе и ќе те поддржуваат во секој чекор од патот. „Секогаш кога се чувствувам поразено, мојот сопруг ми вели: Дојди ваму, ти си најдобра! Ќе го снимиш овој филм и ќе бидеш одлична!“, вели Витерспун.
Најважно е да имате група луѓе кои ве разбираат, постојано ве бодрат и се секогаш 100% тука за вас.
(О)Милена | Црнобело