Клучни квалитети со кои ќе го импресионирате шефот

Секое работно место бара различни квалификации и секој шеф бара одредени карактеристики кои треба да ги поседуваат вработените.

7-kluchni-kvaliteti-so-koi-kje-go-impresionirate-shefot-01.jpg

Но, има многу работи што се повторуваат кога станува збор за добрите квалитети на вработениот.

Без разлика дали го сакате шефот или самата помисла на него/неа ви прави стрес, ова се квалитетите кои со сигурност ќе ви донесат успех на работа:

Пристигнувајте навреме

Обидете се да не доцните на работа и искористете го времето додека сте таму максимално. Не правете паузи подолго отколку што треба и не се обидувајте да се извлечете за да излезете порано.

Докажете се

Без разлика дали сте ја добиле работата благодарени на ваши контакти или компанијата ве одбрала по неколку интервјуа, докажете дека ја заслужувате работата. Секојдневно применувајте ги претходните искуства и образованието.

Покажете дека сте се подготвиле

Одете на состанок со претходно напишани идеи и прашања за шефот и колегите. Така ќе покажете дека сте одвоиле време да се подготвите и дека сте заинтересирани и се трудите да придонесете што е можно повеќе за успехот на компанијата.

7-kluchni-kvaliteti-so-koi-kje-go-impresionirate-shefot-02.jpg

Преземете иницијатива

Не бидете пасивни и не чекајте некој друг да ви каже што треба да направите. Ако не знаете, прашајте или вие први преземете иницијатива за да се сработи нешто. Претпоставените го забележуваат и го ценат тоа кај нивните вработени.

Бидете искрени

Не озборувајте со колегите зад грб и не лажете. Ако сте кажале дека ќе завршите некоја задача, завршете ја во определениот рок и на најдобар можен начин. Бидете искрени и отворени во односот со шефот. Добриот шеф секогаш ќе ја награди искреноста.

Бидете тимски играч

Можеби не сте од оние кои сакаат работење во тим, но на работното место морате да бидете флексибилни. Правете компромиси и бидете самокритични. Помогнете некому да заврши некоја задача и заблагодарете се кога вам ќе ви се понуди помош.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg