5 знаци дека никогаш нема да бидете богати
Наспроти популарното верување дека сите имаат еднаква шанса да се збогатат, проверете дали и вам ви се отворени картите да станете богати. Просечните луѓе веруваат дека богатство е само за луѓето кои имаат среќа, меѓутоа реалноста е многу посложена од тоа.
За да ви помогнеме да проверите дали имате шанса да бидете богати, иако никој не може да ја предивиди иднината и не знае дали утре ќе добиете на лото, ви откриваме 5 знаци дека веројатно не се движите на патот кон богатството:
Премногу сте концентрирани на штедење, наместо заработување
Штедењето е многу важно за да создадете богатство, меѓутоа колку повеќе сте концентрирани на штедењето, толку повеќе заборавате да заработувате. Богатите луѓе се фокусирани на заработување.
Пошироката маса е толку концентирана на барање попусти и собирање купони, што се случува да испуштат навистина одлични можности.
Ако сакате да размислувате како богатите, престанете да се грижите дека ќе останете без пари и фокусирајте се на правење уште повеќе.
Не сте почнале да инвестирате
Колку порано почнете да инвестирате, толку подобро. Во просек, милионерите инвестираат околу 20% од нивниот вкупен профит секоја година.
Тие не го пресметуваат своето богатство според тоа колку заработуваат секоја година, туку според тоа колку успеале да инвестираат.
Задоволни сте со фиксна плата
Просечните луѓе одлучуваат да живеат од платата, додека богатите преземаат ризик и најчесто имаат сопствен бизнис.
Има многу луѓе кои заработиле преку фиксна плата, но патот до успехот бил многу побавен. Богатите знаат дека патот до успех доаѓа преку сопствен бизнис.
Купувате работи кои не можете да си ги дозволите
Ако живеете многу побогато од тоа што навистина сте, никогаш нема да се збогатите. Дури ако почнете да заработувате повеќе, немојте веднаш да го промените целиот ваш животен стил.
Почекајте одредено време пред да ја купите првата луксузна кола или првиот луксузен часовник.
Никогаш не излегувате од вашата комфорна зона
Ако сакате да направите богатство, да бидете успешни или да одите напред во животот мора да се научите да живеете во несигурност или неудобност.
Богатите луѓе научиле да најдат комфор во несигурноста. Физичкиот, психолошкиот и емотивниот комфор ја кочат средната класа.
Богатите луѓе знаат дека е тежок патот до успехот и се спремни да живеат долг период во неудобност и со тек на време учат да живеат во константа несигурност.
А. В. | Црнобело