Како да се справите со „колешките од пеколот“?
Сигурно досега сте налетале на колешки кои никој не може да ги поднесе на работа. Постојат неколку типови на вакви таканаречени „колешки од пеколот“.
Не грижете се, ние имаме решение како да се справите со секоја од нив.
Озборувачка
Озборувачките се најпопуларниот тип на „пеколни колешки“ кои ги има секаде. Обожуваат да ги озборуваат сите околу нив, а најмногу шефот/шефицата.
Ваквиот тип на колешки сакаат да извлечат што е можно повеќе информации од вас. Не им го допуштајте тоа. Кога ќе се обидат да започнат некој трач или измислена приказна, само повлечете се и не учествувајте во нивната игра.
Кралица на драмата
Секој ден треба да ја тешите и да ја убедувате дека не се сите против неа. Во состојба е од најмала ситница да направи вистински скандал на работното место и да ве вовлече и вас во нејзината улога на жртва.
Не мора да престанете да се дружите со неа, но намалете ги секојдневните дружења за да не ве загуши со негативната енергија.
Кариеристка
Гази преку сите за да стигне таму каде што намислила. Краде идеи, мислења, па дури и цели презентации. Никако не смеете да ѝ се доверувате или да ѝ давате совети.
Победете ја со подобри идеи и талент.
М. В. | Црнобело