Како да станете попродуктивни на работа?
Сигурно ви се случило да гледате „бледо“ во вашиот екран и да се обидувате да бидете продуктивни, но тоа едноставно не може да се случи. Постојат ситуации кога не можеме да се фокусираме, па едноставно го пуштаме мозокот на еден мал одмор.
Без разлика дали вашата неефикасност се должи на умор, стрес или одредена фрустрација, не е толку комплицирано да се вратите во колосек.
Во продолжение прочитајте неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да бидете посконцентрирани во текот на работниот ден.
Дозволете си неколку паузи
Доколку вашето тело ви сигнализира дека му е потребна пауза, едноставно дозволете си го тоа задоволство. Според едно истражување, докажано било дека неколку кратки дефокусирања од работата, можат всушност да ве направат попродуктивни.
Излезете, прошетајте надвор или до соседната канцеларија, напијте се кафе/чај, накратко одвлечете ги мислите од работните активности. Тоа ќе ви помогне побрзо да се „рестартирате“.
Работете на друго место
Дури и најмалата промена може да направи да се чувствувате поинаку. За почеток, доколку работите на лаптоп, седнете на соседното биро. Различната локација дефинитивно влијае на вашето емотивно расположение, па одлично би било доколку сте во можност почесто да ја менувате вашата положба.
Пуштете си амбиентална музика
Од сите типови, амбиенталната музика е најневознемирувачка, а многу е веројатно воопшто да не ја ни забележите. Сепак овој тип на музика ќе ве опушти и релаксира во моментите кога едноставно немате волја за работа.
Најважно од сѐ е да не се форсирате повеќе од она што чувствувате дека можете да сработите. Доколку работите преморени, голема е веројатноста да направите одредена грешка.
Затоа подобро искористете неколку минути за себе, па одморени вратете им се на работните обврски.
С. У. | Црнобело