Успешни личности кои докажуваат дека покрај сè, можете да си ги остварите соништата

Сигурно веќе ви е здосадено да го слушате оној клише израз: „Не се откажувај, успехот може да те чека токму позади аголот“. Додека пробувате да ја изградите вашата кариера, често ќе слушате вакви изрази, кои сигурно повеќе ве демотивираат, поради тоа што ви се здосадени од слушање, отколку што во моментот ве инспирираат. 

uspesni-licnosti-koi-dokazuvaat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-001.jpg

Сепак, многу е полесно е да се каже, но кога поминувате низ период во кој ве следи неуспех врз неуспех, почнувате целосно да губите верба во ваквите приказни.

Многу познати личности кои денеска се сметаат за едни од најуспешните во светот, некогаш биле токму во иста ситуација како вас.

Многупати биле демотивирани и мислеле да се откажат, сè додека „невозможните“ сонови еден ден не им станале реалност.

Џ. К. Роулинг

Познатата авторка на мега познатиот хит „Хари Потер“, во 1994 година била соочена со депресија поради смртта на нејзината мајка, туку што била разведена од сопругот, живеела од социјална помош и едвај се снаоѓала да најде храна за своето бебе. Сето тоа се случувало само три години пред издавањето на првата „Хари Потер“ книга. Книгата ја пратила на 12 издавачки куќи и сите ја одбиле.

Константно била демотивирана и сите ја терале да си најде вистинска работа, затоа што никогаш немало да може да заработува од пишувањето. Токму во моментот кога мислела да се откаже, еден уредник ѝ се јавил да ѝ соопшти дека ќе ја објават книгата, затоа што неговата 8 годишна ќерка се заљубила во приказната.

uspesni-licnosti-koi-ke-ve-inspiriraat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-3

Стивен Кинг

Познатиот американски писател го живеел вистинскиот стереотипот на „шворц“ писател. Со својата сопруга живееле во камп приколка и морале да работат по повеќе работи за да може семејството да „спои крај со крај“. Тие биле толку сиромашни, што морале да позајмат облека за нивната свадба.

Стивен Кинг бил одбиен толку многу пати од издавачките куќи, што ставил табла на неговиот ѕид и почнал да ги собира писмата. Набрзо, таблата на ѕидот не можела да ја издржи тежината од писмата со кои ги одбивале неговите дела.

Неговото прво дело го продал за 35 долари, а сегашната негова најпопуларна книга „Carrie“ не била никаков хит на почетокот. Првата книга која успеал да ја издаде, била продадена во 13.000 копии, но по некое време неговиот талент бил препознаен и ги продал правата на книгата за 200.000 долари.

uspesni-licnosti-koi-ke-ve-inspiriraat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-4

Џим Кери

Кога познатиот актер имал 14 години, бил многу сиромашен. Неговиот татко само што ја изгубил работата и семејството поминувало низ многу тежок период. Морале да се откажат од куќата и да живеат во мини комбе, кое го паркирале во дворот на нивни роднини.

Самиот Џим Кери уште како дете морал да работи по 8 часа на ден после училиште, за да помогне на неговото семејство. На 15 години тој првпат имал своја стенд ап комедија на сцена и изведбата била доста успешна. На 16 години се откажал од школување, за да се фокусира на комедијата.

Се преселил во Лос Анџелес и секоја вечер сонувал за неговиот успех. На крај успеал да ја добие аудицијата за филмот „Dumb and dumber“ и работите почнале да одат во нагорна низа на успеси.

uspesni-licnosti-koi-ke-ve-inspiriraat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-6

Опра Винфри

Опра е вистински синоним за издржливост во животот. Таа цел живот била критикувана за нејзината тежина, за нејзиниот сексуален живот, била мета на расистички коментари, но никогаш не дозволила тоа да ја уништи.

Нејзиното детство било ужасно. Била сексуално злоставувана од нејзиниот братучед, нејзиниот вујко и некој фамилијарен пријател. Останала бремена на 14 години, но го изгубила детето само две недели после раѓањето.

Сепак покрај сите несреќи, таа успеала да заврши средно училиште како еден од најдобрите ученици, успеала да добие стипендија за колеџ, за подоцна да се избори за работа како локален водител - па сè до интернационална супер ѕвезда со сопствено шоу.

uspesni-licnosti-koi-ke-ve-inspiriraat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-8

Шарлиз Терон

Родена во Јужна Африка, детството на Шарлиз Терон било невообичаено тешко. Нејзиниот татко бил алкохоличар и често физички ја напаѓал нејзината мајка. Еден ден насилството ги поминало сите граници и мајка ѝ во самоодбрана го убила својот сопруг.

После трагичниот настан, мајка ѝ се фокусирала целосно на кариерата на Шарлиз. Ја туркала да оди на модни натпревари и да ја следи нејзината најголема желба - балетот. Но, нејзината најголема желба да стане балерина не се исполнила, затоа што набрзо откако почнала, се здобила со повреда на коленото, што ѝ оневозможило да продолжи да се занимава со балет.

Во тој период, таа живеела во некој стар мотел и крадела јадење од ресторани за да може да преживее. Кога отишла да уновчи чек од нејзината мајка, која ѝ ги пратила последните пари што ги имала, жената што работела во банката и кажала дека неможе да ја изврши трансакцијата.

Шарлиз на лице место, речиси доживеала нервен слом и направила огромна драма. Сето тоа било забележано од некој човек, кој подоцна станал нејзин менаџер и неговиот придонес ја донел до добро познатата слава.

uspesni-licnosti-koi-ke-ve-inspiriraat-deka-pokraj-se-mozete-da-si-gi-ostvarite-sonistata-7

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg