Како брзо да ја поттикнете својата креативност?
Креативноста не е особина која им припаѓа само на уметничките души. Секој од нас ја има, но различно ја употребува.
Со тек на време, нашето тело и ум се трошат на одредени механички или повторувачки дејствија, па затоа и креативноста ни се намалува.
Денешниот динамичен начин на живот, често не ни дозволува да ја развиваме креативната мисла, но еве како брзо да ја поттикнете:
1. Гледајте во некој убав предмет
Ставете пред себе нешто убаво за очи. Тоа може да биде цвеќе, убав пејзаж на слика, фотографија или било што друго што го доживувате како пријатно за гледање. На тој начин може да ја поттикнете креативноста.
2. Разговарајте и разменувајте мислења
Никогаш не може да знаете од што може да произлезе некоја нова идеја. Можеби колегата спроти вас ќе спомне нешто од што ќе ви дојде идеја.
3. Смејте се гласно и од срце
Позитивната атмосфера е секогаш гнездо за создавање на креативни нешта. Дури и кога не е нешто толку смешно, колку и да изгледа глупаво, смејте се.
4. Излезете надвор за паузата за ручек
Ако сте затворени во работната канцеларија, не е лошо да ја промените средината за време на ручекот. Тоа ќе донесе свежина во енергијата и полесно ќе ги исчистите мислите, со што ќе оставите место за да дојдат нови идеи.
5. Релаксирајте се
Мора да одвоите момент за оставање на сите мисли на страна. Не размислувајте за ништо некое време, бидејќи одморот на мозокот добро ќе се одрази на креативното творење во наредните неколку часови.
Е. А. | Црнобело