4 животни одлуки за кои ќе се покаете по 10 години

Животот е краток, а ни младоста не трае вечно. На сите ни е и повеќе од јасно дека за некои одлуки кои што ги носиме денес, може да се покаеме во иднина.

4-zivotni-odluki-za-koi-ke-se-pokaete-po-10-godini-1_copy_copy.jpg

Најчесто луѓето се каат за пропуштени шанси, за бадијала потрошено време, за тоа што не се потрудиле да постигнат повеќе во животот, за тоа што влегле во врска со партнер кој не им одговара и слично...

Каењето е навистина неподносливо, но затоа, доколку во моментов го направите вистинскиот избор, со сигурност ги намалувате шансите да се покаете во иднина.

Времето е бесценето и ограничено, па затоа не ги оставајте работите на случајност.  

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да донесете вистински одлуки во право време.

Не го чекајте правиот момент

Моментот е сега и веднаш! Не губете време во анализи и размислувања. Живејте го животот сега. Немојте да го чекате правиот момент, бидејќи тој може и никогаш да не е така совршен како што очекувате да биде.

Лесно е да си кажете: „Ќе започнам кога ќе стекнам повеќе искуство, пари и ресурси“, но факт е дека наредната година во истото време, ќе си најдете само повеќе оправдувања за да не го направите она што сте си го задале како цел.

Не чекајте да бидете избрани

Денес, постојат многу начини за да докажете кои се вашите можности и квалитети. Само доколку сте инспирирани и фокусирани, можете да дознаете дали на пазарот му е потребно она што го нудите.

Треба да ви биде јасно дека секој производ има свој пазар. Луѓето имаат различен вкус, па затоа голема е веројатноста и вие да си го добиете своето место „под ѕвездите“.

Без разлика што и да одлучите да работите, секогаш можете да најдете ресурси кои ќе ви помогнат во реализацијата. Останете свои и автентични и престанете со размислување. Станете продуктивни!

Престанете да живеете за другите

Престанете да живеете по примерот на другите. Немојте да се поистоветувате со други, ниту пак до вас да допираат туѓите лоши искуства. Некои совети многу брзо можат да станат недобронамерни.

Не дозволувајте вревата на туѓото мислење да го задуши вашиот внатрешен глас.

Едноставно е, немојте да чекате да бидете избрани! Изберете се себеси! Не ви треба дозвола да ги презентирате своите идеи на вистинската публика.

Не се откажувајте пребрзо

Никогаш не се откажувајте од целта да го изградите својот свет онака како што сте си го замислиле, дури и кога сте доживеале пад. Доколку некогаш сте го вкусиле горчливиот вкус на поразот, но сепак сте продолжиле понатаму, тоа значи дека вие сте навистина силна и стабилна личност.

Најважно од сѐ е да извлечете поука од ситуацијата и да продолжите да го следите својот сон. Секогаш постои начин да успеете доколку знаете како да го барате.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg