3 докази дека не можете да им верувате на колегите од работа

Дали имате чувство како едноставно да не можете да му/ѝ верувате на некој/а од колегите или колешките? Неколку работи можат да ги потврдат вашите сомнежи.

3-dokazi-deka-ne-mozete-da-im-veruvate-na-kolegite-od-rabota-01.jpg

На пример:

1. Ги презема сите заслуги за заедничката работа

Нема личност која барем еднаш не се сретнала, во своето работно опкружување, со колега или колешка која без никаков проблем ги преземала заслугите за нешто кое било тимска работа.

Кога вашиот/ата колега/шка, вашите индивидуални идеи ги претставува за сопствени, тоа е знак за загрижување вели психологот Ники Мартинез.

2. Не е тимски играч

Здравото натпреварување е пожелно кај секој работник и нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете најдобри во вашата работа.

Меѓутоа, подеднакво важно е да останете и тимски играч, а ако вашиот колега секогаш го игнорира тоа и работи исклучиво за себе, тоа во еден момент ќе стане проблем.

Со личноста која е фокусирана само на себе и својот напредок тешко е да се воспостави колегијален однос полн со доверба, а ако нема доверба, тогаш атмосферата станува непријатна, па дури и невозможна за работа.

3. Често лаже

Лагите создаваат сомнеж и токму тоа е уште еден непоправлив аспект на работното функционирање.

Некои ја почитуваат искреноста на работното место, а други се подготвени во секоја ситуација да лажат, посебно кога имаат можност за напредување.

Дали сте знаеле...

Според истражувањата, еден од најчестите проблеми во работното опкружување е прифаќањето на конструктивна критика?

Кој работи, тој греши.

Сите наидуваме на предизвици и правиме грешки. Понекогаш сами ги забележуваме, а понекогаш на нив ни укажуваат колегите.

Секако, за тоа треба да им бидеме благодарни, бидејќи така стануваме подобри.

Некои луѓе ги прифаќаат конструктивните критики, а некои одбиваат да ја прифатат помошта од колегите и со нив тешко е да се работи.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg