„Фика“ - шведски концепт за краток одмор на работното место

Објаснувањето на терминот „Фика“ гласи вака: Друштвена пауза за кафе со колегите, пријателите, партнерот или фамилијата, вообичаено во комбинација со традиционални шведски слатки печива.

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-01.jpg

Кога најголем дел од денот го поминувате на работа, потребно е да одвоите барем 30-тина минути за пауза во која ќе се одморите и ќе го релаксирате мозокот и телото.

Во получасовната пауза телефоните се оставаат настрана и во заедничкиот простор наменет за одмор се споделува шолја топло кафе или чај со слатки печива или колачиња со колегите.

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-02.jpg

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-03.jpg

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-04.jpg

Понекогаш се консумира и овошје или мали солени канапеи, но основната идеја е да оддели време за одмор и дружба на работното место.

Па, слободно позајмете го шведскиот концепт за одмор и пауза додека сте на работа. Донесете слатки по сопствен избор, одберете си топол напиток по желба и пуштете го мозокот на краток одмор.

Комуницирајте со колегите, споделувајте различни мислења бидејќи токму тогаш доаѓаат најдобрите идеи.

Секогаш пронајдете време за одмор и сопствено рестартирање, особено додека сте на работа. 

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-05.jpg

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-06.jpg

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-07.jpg

Fika-sovrsen-shvedski-koncept-za-kratok-odmor-na-rabota-08.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg