Како да бидете одлични на интервјуто за работа, според студентка со понуди од Google, Apple, Facebook...?

Џесика Појнтинг знае како да се претстави себеси на интервју. Девојката која е студентка на Харвард досега добила понуди за пракса од компании како „Google“, „Apple“, „Facebook“, „Microsoft“, „McKinsey“, „Bain“, „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“.

kako-da-bidete-odlicni-na-intervjuto-spored-studentka-so-ponudi-od-google-apple-facebook-01.jpg

Таа студира информатичка технологија и физика и досега добила понуди за софтверски инженеринг, управување со производи, консалтинг, инвестициско банкарство...

Во што е нејзината тајна?

1. „Напишете си ја домашната“

Таа добро ги проучува компаниите пред да се појави на интервју, дури и се присетува на материјали кои ги учела на факултет за да биде сигурна дека нема да одговори погрешно на прашањата кои подразбираат проверка на нејзините знаења.

2. Развијте структура за решавање на проблемите

Стресот за време на интервјуто може целосно да ве збуни и замолчи пред оние кои ве интервјуираат. Еве каква структура си направила таа при одговарање на прашањата:

- Повторете си го прашањето во себе за да бидете сигурни дека сте го разбрале и ги имате во главата релевантните детали

- Поставувајте прашања

- Организирајте ги и структурирајте ги вашите одговори

3. Вежбајте и имајте стратегија

„Многу е важно да се вежбате пред самото интервју. Проверете дали самата компанија има пример за тоа како изгледаат интервјуата.

Одредени големи компании имаат исечоци и примероци од прашањата на интервјуата и како одредени кандидати ги одговарале тие прашања.“

4. Имајте помошен план

Интервјуата, како што кажавме, можат да бидат многу стресни. Па, како можете да останете смирени кога од тоа ви зависи идната понуда за работно место?

Џесика вели дека секогаш треба да имате помошен, алтернативен план како да дојдете до работа, ако не успеете да го добиете работното место.

Колку повеќе опции имате, толку ќе биде понизок стресот.

5. Инвестирајте малку повеќе време

Интервјуто не е само времето кое го поминувате пред оние кои ви ги поставуваат прашањата, тоа подразбира да посветите време за читање и вежбање на говорот кој првично го планирате како и смислување на одговори на прашањата кои сте сигурни дека ќе ви бидат поставени.

6. Однапред креирајте неколку прашања кои ќе ги поставите

После секое интервју за работа, кандидатите добиваат слободен период да постават прашања поврзани со работата и компанијата. Добро е да имате однапред подготвени прашања кои ќе ги поставите на оние кои ве интервјуираат.

7. Не поминувајте побрзо низ оние прашања кои се однесуваат на вашето однесување

Прашањата за вашето однесување најчесто спаѓаат под  неколку категории способноста да бидете лидер, да работите во тим, да одговорите на предизвиците и крајните рокови и вашите успеси. Однапред сетете се на приказни од вашето лично искуство кои ќе ви помогнат подетално и појасно да одговорите на овие прашања. Тоа најмногу ќе им се допадне на оние кои ве интервјуираат. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg