4 сигурни сигнали дека ви се заканува отказ
Некои луѓе ја работат работата од своите соништа и добро го запотиле задникот за да стигнат до позицијата на која се. Но, во тој свет владеат сурови и понекогаш неправедни конкуренти и шефови, па притисокот да се задржи работата е огромен.
Еве во кои ситуации може да ви се заканува отказно решение, според овие 4 скоро непогрешливи сигнали:
Шефот бара сè на писмено или по мејл
Комуникацијата порано се одвиваше на повеќе начини, а во последно време шефот инсистира преписките да се одвиваат само службено и исклучиво на писмено. Забележувате дека секогаш има уште неколку луѓе наведени во мејловите кои будно ја следат вашата комуникација. Генерално, кога шефовите се толку внимателни или се благо параноични или ве следат одблиску со цел да ја „уловат“ вашата најмала грешка која ќе даде мотив за отказно решение.
Не ве вклучуваат во проекти или ве отстрануваат од истите
Бевте дел од тимот за одреден проект и одеднаш ви пристигна известување дека повеќе не сте дел од реализација на истиот. Никој не ве вклучува ниту во наредните проекти. Ова е јасен знак дека компанијата полека се подготвува за вашето заминување. Побарајте објаснување со позитивен и конструктивен пристап зошто се случува ова и како може да се подобри несаканата ситуација.
Вашето оценување е прилично незадоволително
Оценките или извештајот кој го поднесуваат вашите надредени драстично се разликува од оние пред неколку години. Што се промени? Скоро никој нема пофални зборови за вашата работа, ниту никакви препораки за напредување. Ова е и повеќе од јасен сигнал дека вашето присуство станува излишно и наскоро ќе бидете заменети.
Колегите се однесуваат чудно и молчаливо покрај вас
Влегувате во просторијата и одеднаш разговорот замира. Имате чувство дека колегите ве одбегнуваат, дека им е непријатно во вашата близина. Ве изоставаат од нивните собиранки – социјално-друштвени или службени. Можно е неколкумина од нив да го претчувствуваат вашиот отказ или да знаат некоја информација повеќе, па едноставно не сакаат да си создаваат непријатни и конфликтни ситуации.
(О)Милена | Црнобело